Нова победа на Жан Митрев: Првиот излекуван пациент од новиот вирус со филтрирање на крвта

Му направиле хемофилтрација и добиле негативен тест на Ковид 19. После само 6 дена лекување и добиени 3 негативни теста, пациентот сега е дома, здрав и жив, благодарение на клиниката Жан Митрев каде буквално му беше спасен животот. Проследете ја сторијата:

“Во саботата, во доцните ноќни часови беше примен пациент во итна состојба, во хеморагичен шок, заради руптура на абдоминална аневризма. Оваа состојба пациентите не ја преживуваат доколку  веднаш не се оперираат со што се решава крварењето со замена на абдоминалната аорта со васкуларна протеза.

Додека заврши операцијата, стигна и резултатот од земениот брис кој покажа дека пациентот е позитивен на КОВИД 19. Тој уште при приемот имаше знаци на температура и кашлица, па со ова се потврди и сомнежот.

Loading...

Бидејќи од Министерството за здравство е дозволено пациентите со КОВИД 19 да се лекуваат во центрите одредени за тоа, се обидовме веднаш после операцијата да го префрлиме таму, бидејќи од хируршка страна беше згрижен (операцијата беше успешно направена), но не успеавме, со образложение дека капацитетите им се преполни и не го примаа пациентот.

Моравме да продолжиме со лекувањето и следниот ден го ставивме на континуирано испирање на крвта со специјален филтер, кој ги отстранува сите инфективни медијатори, кои се создаваат од било која инфекција во крвта.

Оваа метода ја работиме наназад 8 години и со огромното искуство, кое до сега го имаме со слични состојби од различни причинители, знаевме дека ова е единственото што може да му го направиме на овој пациент со надеж дека сме му помогнале, бидејќи со КОВИД-инфекција во ваква состојба немавме искуство.

Вообичаено оваа филтрација се одвива 48 часа континуирано, но кај овој пациент само после 12 часа филтерот комплетно се запуши. Тоа зборуваше за многу ослободени медијатори на инфекцијата и токсини, кои во тоа време циркулирале во крвта.

Пациентот после оваа филтрација на крвта многу добро се опоравуваше, па по два дена направивме повторен тест за КОВИД,  на кој беше негативен. И наредните 3 теста покажаа негативен резултат. Така да после само 6 денови лекување, пациентот во добра општа состојба и негативен на КОРОНА вирус го пуштаме дома.

Ова е само едно позитивно искуство.” Во продолжение погледнете го видеото:

Loading...