Доктор Љубинка Стојковиќ, специјалист по општа медицина и апитерапевт, советува кај проблеми со простата да се користи портокал и поленов прав, а кожата заболена од псоријаза да се третира со мевлем од невен, восок и прополис.

За лекување на простата апитерапевтот д-р Љубинка Стојковиќ советува еликсир од полен и портокал, а за кожа заболена од псоријаза – невен, восок и прополис.

ЗА ПРОСТАТА

Проблемите со аденом на простата може да се спречат ако на 100 мл сок од исцеден свеж портокал, без шеќер, се додаде една лажичка поленов прав и се остави да отстои преку ноќ. Наутро се пие одеднаш.

Постапката се повторува секој ден во текот на една седмица. Втората седмица се повторува постапката, но во сокот од портокал се додаваат две лажички поленов прав.

Третата седмица се ставаат по три лажички поленов прав, четвртата седмица се враќате на две лажички, а петтата седмица се приготвува исто како и првата – на 100 мл сок од портокал, се става една лажичка поленов прав – вели д-р Стојковиќ и нагласува дека мажот на тој начин ќе внесе доволна количина тестостерон, односно ќе ја стимулира хипофизата која управува со сите жлезди со внатрешно лачење.

МЕВЛЕМ ЗА ЛЕКУВАЊЕ ПСОРИЈАЗА

Псоријазата е сериозно и многу непријатно заболување поради лупењето на кожата. На заболените делови докторката препорачува да се ставаат топли восочни катаплазми.

Исто така може да се приготвува и крем од вазелин и восок или како подлога може да се додаде и домашна маст испрана во девет води, 40 цветови невен, топче пчелин восок со величина на зелен орев и ситно изрендано исто толку големо топче прополис, претходно замрзнато.

Полека се растопуваат 300 г маст во која се додаваат невенот, восокот и прополисот. Маста се остава на тивко да крчка 15-тина минути, па се трга од оган и се остава преку ноќ.

Наутро се загрева за да се растопи восокот, па се процедува низ газа. Ова е одличен мевлем за псоријаза, но и за сите други повреди, изгореници и промени на кожата. Значи за рецептот ви се потребни следните состојки:

300 г маст испрана во 9 води
40 цветови од невен
1 топче восок со величина на зелен орев
1 топче прополис со иста величина, претходно смрзнато за да може да се ренда