За ослободување од токсините кои се таложат во телото, за зголемување на еластичноста на крвните садови и нивно ослободување од плаките, се препорачува редовно чистење кое може да се спроведува на неколку начини, а овде ќе ви ја претставиме оваа многу ефикасна лековита тинктура.

Чистењето генерално се спроведува на различни начини – од одредена детокс диета, консумирање на народни средства, па се до земање на лекови, плазмафереза и ласерско чистење на крвта.

Важно е да се знае дека чистењето на крвните садови со лекови предизвикува доста контраиндикации. Нивната примена е последниот чекор, кога другите средства не помааат.

Затоа, чистењето на крвните садови и воопшто од вишокот масни наслаги во организмот и лошиот холестерол со природни средства, е најсигурно и нејбезбедно, но исто така бара внимателен и правилен однос и примена.

Лукот и лимонот одамна се сметаат за одлични средства за чистење на крвните садови, намалување на лошиот холестерол, јакнење на ѕидовите на крвните садови и намалување на ризикот од опасни болести како што е атеросклерозата.

Тинктурата со лимон и лук се користи во тибетската и руската народна медицина веќе со столетија. Исто така, оваа лековита тинктура спречува формирање на канцерогени клетки, што е повеќепати потврдено со научни истражувања, како и фактот дека лукот содржи големи количини антиоксиданти поради кои тој има својства за регенерација и подмладување.

Потребни состојки:

4 главици лук со средна величина
4 лимони со кора со средна величина
околу 3 литри дестилирана или провриена вода

Постапка:

Лукот треба да биде домашен, македонски, а не кинески, бидејќи само домашниот е лековит. Лимонот по можност треба да биде непрскан, бидејќи се користи кората. Во спротивно, неколку часа оставете го во раствор со сода бикарбона, а потоа добро истријте ја кората.

Лукот исчистете го и поделете го на чешниња. Лимоните прелијте ги со врела вода една минута, а потоа исечкајте ги, па заедно со лукот сомелете ги.

Мелената смеса ставете ја во голема стаклена тегла од 3 литри, па прелијте ја со топла превриена вода, до врвот на теглата. Затворете и оставете во фрижидер да “одлежи” три дена.

Потоа процедете, содржината добро истискајте ја низ газа, а добиената течност чувајте ја повторно во фрижидер.

Употреба: максималната доза од овој напиток е 50 мл трипати дневно. Сепак, чистењето треба да се започне со помали дози од 1-2 лажици. Ако не постојат непријатности, дозата треба постепено да се зголемува до неопходната.

Терапијата трае 40 дена. Чистењето на крвните садови на овој начин се препорачува да се спроведува еднаш годишно, со консултација на лекар.

После консумацијата на овој напиток, се подобрува циркулацијата на крвта и нејзиниот липиден состав, се нормализира крвниот притисок, се подобрува мозочната циркулација и полесно се губат вишокот килограми, особено оние на стомакот.