Пишува билкарот Мартин Најдовски: Глуварче, Млечка (lat. Taraxacum officinale)
Глуварчето е повеќегодишна билка, со јак ризом и може да се најде насекаде. Може да се најде на ливади, во паркови, дворови и е најмногу распространета билка.
Лековити делови на растението се цветот, листот, стеблото и коренот, односно целото растение.
Глуварчето е одличен лек за прочистување на организмот.
Ја чисти крвта од сите токсини и истовремено ја зајакнува. Успешно се покажал коренот во борба против ракот, подобар е од хемотерапијата бидејќи хемотерапијата ги уништува сите клетки додека коренот од глуварчето ги уништува само малигните клетки без да остава последици на здравјето.
Исто така може да се употребува кај проблеми со бубрези, жолчка, како чистач на организмот од отрови, помага за намалување на шеќерот во крвта, при запек, за зајакнување на имунитетот и помага кај проблеми со црн дроб.
Цветот може да се употребува за болки, за масажа особено за болки во мускулите.
Листот може да се приготвува за чај бидејќи содржи витамини па се употребува како салати, може и само листот, но може и во комбинации со други зеленчуци.
РЕЦЕПТИ
Чај: 1 супена лажица лист на 200 мл вода. Се попарува листот. Кисне 20 мин па се пие незасладен 3 пати дневно.
Може и следнава варијанта: еднакви делови лист и корен се промешуваат и се зема 2 супени лажици од смесата се полеваат со 500 мл зовриена вода. Стои 15-20 мин па се пие 2 3 шолји на ден.
Варијанта 3: 1 супена лажица само корен на 250 мл вода.
Масло од цветови за масирање на болни мускули и болки во зглобовите но може и да се користи за сува кожа: Се собираат цветови од глуварче.
Се измиваат, се оставаат да се исушат преку ноќ. Следното утро се полни една тегла со цветови од глуварче, лефтерно се ставаат да не се гмечат, теглата се дополнува со цветови да останат 2 прста слободни во теглата.
Се додава маслиново масло да ги покрива цветовите. Се затвора и стои 15 дена (ако се остават подолго може да мувлосаат). Ова масло се чува на темно и се користи за масажа.
Чајна комбинација за чистење на организмот од токсини: една супена лажица лист од глуварче, една супена лажица лист од орев и една супена лажица коприва. Од оваа комбинација се земаат 2 супени лажици и се попаруваат со 500 мл зовриена вода. Стои 20 мин па се пие по 2 шолји за чистење на организмот како детокс.
Чајна комбинација кај малигни заболувања (рак,тумори и цисти): Еднави делови коњско опавче, корен од глуварче, ајдучка трева, пелин (бел пелин), црвен кантарион. Две супени лажици од оваа комбинација се прелеваат со 500 мл вода. Стои 20 мин па се пие 2 шолји дневно.
После 1 недела од конзумирање се прави пауза од 5 дена па се повторува уште 7 дена пиење па 5 дена пауза. Постапката се повторува до излекување. Овој микс помага да се елиминираат малигните клетки, помага за создавање нови крвни зрнца, го јакне организмот и врши детокс.
Оваа комбинација се има добро покажано кај почетен стадиум на леукемија и паразити во организмот.
Од глуварчето може да се изработи и сируп, од цветот кој помага многу кај кашлици и јакнење на организмот.
Сè што ве интересира во врска со подробностите околу приготвувањето на лекот, можете да го прашате Mартин на неговата фан страница Лилма. НАПОМЕНА: рецептите од народната медицина се информативни, а секој пред употреба на некој од нив треба да се советува со својот лекар.