Мајка ми страдаше од болки во зглобовите, не можеше да се исправи, па на крај мораше да користи помошни помагала како триножен бастун.
Состојбата се влошуваше сè додека еден ден го дознавме рецептот што ми го кажа еден колега.
Болката во зглобовите е честа, особено кај повозрасние луѓе. Мајка ми долго време страдаше од болки во зглобовите, а лекарите и дадоа дијагноза – артрит, силно воспаление на зглобовите.
Имаше денови кога таа не можеше да се исправи на нозе поради силната, продорна болка.
Што ли сè не пробавме: беше во болница, примаше инјекции, пиеше апчиња, купувавме разни креми и масти.
Сите тие работи помагаа, но тоа траеше многу кратко, а болката одново се враќаше. И не можеше да се одмори од неа, ни преку ден, ниту преку ноќ.
За да се движи и беше потребен бастун, потоа два, а на крај заврши со триножен бастун. Еден ден во случаен разговор, колегата ми раскажа дека неговата соседка имала ист проблем како мајка ми, но успеала да излекува.
Кога ја видел како слободно оди без помагала, се изненадил и ја прашал за чудото, а таа му одговорила дека ја спасила некоја лековита тинктура.
Еве го едноставниот рецепт:
Потребни се ‘ркулци од компир, да бидат бели, а не зелени (пред засадување во земја). Се отстрануваат ‘ркулците од компирот и се ставаат во стаклена тегла, па се прелеваат со водка, колку да бидат покриени.
Теглата добро се затвора и се остава 2 седмици да отстои на темно и топло место, со повремено протресување.
Со оваа течост се мачкаат болните зглобови и се прават компресии. Се натопува памучна крпа, се обложува болниот зглоб, се фиксира со компресивен завој и притоа се внимава да има доволен проток на циркулација.
Ваквата компресија се остава да делува најмалку два часа, а најдобро е да се преноќи со неа.
Штом го дознав овој рецепт, одлучив веднаш да го испробам на мајка ми. Само една седмица после секојдневно користење, кај мајка ми започна да исчезнува острата болка.
Продолживме да го применуваме третманот, а сега мајка ми многу ретко го користи бастумот, речиси воопшто! Тоа е голема победа за нас!