Ова е уште еден од лековитите рецепти на билкарот Најдовски, од архивата на неговото семејство.

Пишува: Мартин Најдовски

Сè што ве интересира во врска со подробностите околу приготвувањето на лекот, можете да го прашате на неговата фан страница Лилма.

Сируп за дечиња и новороденчиња (се дава од 6 месеца па нагоре) со консултација на лекар.

За имунитет, бронхит, кашлица, снижување на температура и воспелние на бели дробови.

Потребни состојки:

1 кг шеќер
1 литар вода
40 цветови од бозел (lat. Sambucus nigra)
сок од 1 лимон

Постапка:

На оган се ставаат водата и шеќерот, па штом зоврие се додаваат 40 цветови од бозел, без дршки. Се намалува температурата на потивко и се остава еден час. После еден час се додава сок од еден лимон, па се остава да врие уште 5 минути.

Садот се трга на страна и се остава додека целосно да излади. Потоа се процедува сирупот, а цветовите убаво се истискуваат низ газата, за да можат целосно да ја испуштат лековитоста.

Сирупот се собира во теглички.

Употреба: 2-3 пати дневно, по една кафена лажичка, половина час пред јадење.

БОЗЕЛ

Бозел е растение од фамилијата Бозели, евроазиска билка, која е распространета на светли и топли места. За лек се бере од еколошки чисти места.

Расте како грмушка или како ниско дрво. Кората на стеблото е сивокафена и распукана. Младите гранки се зелени, а кога ќе се скршат се гледа бела, мека срцевина.

Листовите се поставени еден наспроти друг, непарно сложени во вид на перја, со долги зашилени и назабени ливчиња. Цветот има облик на штит, и широк е 20-тина см.

Цветотовите имаат јак мирис, а составени се од ситни, бели или бледожолти, со јасно видливи жолти антери. Плодовите-бобинки се сјајни и тркалезни, со црновиолетова боја и со црвен сок.

Бозелот е лековита билка

Од билката се користат цветот и зрелите плодови. Цветот има сложен биохемиски состав, со што помага во излачувањето на потта и на урината. Бозелот се користи за лекување при настинки, грип, заболувања на горните дишни патишта и при ревматски заболувања, астма и алергија. Чај од цветот на бозел им се дава и на децата заразени од овчи сипаници, со цел да се забрза оздравувањето.

Цветот на бозелот дејствува и како диуретик и ги отстранува отровните материи кои се собираат при артритис и гихт. Најпосле, бозелот е корисен и за слабеење, зашто го забрзува метаболизмот и го исфрла вишокот вода од организмот.

Бозелот е богат со флавоноиди, каротени и витамините А, Б и Ц.

Оваа билка меѓудругото може да помогне во борба против акни, чиреви, конјунктивитис и кожни воспаленија. Освен како лаксатив делува и како диуретик и придонесува за заздравување на бубрезите.