ВИНОВА ЛОЗА: Листот и плодот се многу лековити и успешни кај некои чести заболувања – рецепт

Виновата лоза е една од најстарите култивирани билки која се одгледува ширум светот. Се дели на две главни гранки: бело и црно грозје, а нивната лековитост има доста и сличности, но и разлики.

Со развојот на науката и технологијата, постојат многу подвидови на белото и црно грозје.

Loading...

Во лековити цели се користи цветот, сувиот лист и семките од оваа билка.

Чајот од цветот на виновата лоза се користи за обновување на ‘рбетниот мозок и активирање на одземените делови од телото (пареза, парализа) предизвикани од невролошки болести или физичка траума.

Според некои записи, чајот од цветот на виновата лоза има одлично дејство и кога се користи за масажа.

ЧАЈ ОД ЦВЕТОВИ ОД ВИНОВА ЛОЗА

Еден грст свежи цветови од винова лоза се прелеваат со 500 мл зовриена вода. Се остава да отстои поклопено половина час, по што се процедува и се пие во текот на денот.

ЛИСТ ОД ВИНОВА ЛОЗА

Листот од винова лоза се користи за приготвување на чаеви и тинктура за регулирање на менструацијата и против хемориди кои крвават. Претставува одлично средство против реума, повраќање, гихт и подобрување на циркулацијата.

ЧАЈ ОД ЛИСТ ОД ВИНОВА ЛОЗА

Чајот се приготвува од сув лист од винова лоза, така што еден грст иситнети листови се прелива со половина литар врела вода. Се остава поклопено да отстои 10-тина минути, по што се процедува и се пие во текот на денот.

ТИНКТУРА ОД ЛИСТ ОД ВИНОВА ЛОЗА

Тинктурата има слична лековитост како и чајот, а се приготвува на следниот начин: Еден грст иститнет лист од винова лоза се прелива со половина литар посилна ракија и се остава затворено 8 дена, со повремено протресување.

Употреба: По супена лажица пред јадење, трипати дневно.

Напомена: Од особена важност при приготвувањето на овие лековити препарати, е листот да биде еколошки чист и да не е третиран со хемикалии.

СЕМКИ ОД ГРОЗЈЕ

Семките од грозјето покажале исклучително позитивен ефект во лекувањето на периферните венски заболувања, патолошки промени на окото и одлично ги елиминираат постоперативните отоци.

Бидејќи дејството е најефикасно од екстрактот добиен од семките на грозјето, затоа препораката е да си го набавите од аптеките, бидејќи има голем асортиман на готови производи.

ЛЕКОВИТОСТ НА ПЛОДОТ ОД ВИНОВАТА ЛОЗА

Лековитоста на грозјето е доста позната, а може да се ползува во вид на сок, вино, како сиров плод, шира и останати производи од грозје.

Позитивно делува врз дигестијата, чистењето на организмот, одлично ги надополнува витамините, минералите и олиго елементите во организмот, го намалува нивото на триглицеридите и лошиот холестерол, поволно влијае врз високиот крвен притисок и ги чисти крвните садови.

Според некои автори, консумирањето на грозјето во било кој облик, го потпомага јакнењето на срцевиот мускул. Покрај ова, грозјето има најдено место и во козметичката индустрија, па од него се произведуваат маски за затегнување на кожата од лицето. За оваа цел се користи исклучително бело грозје.

Секако, треба внимателност при консумирањето на грозјето, бидејќи претерани количини може да доведат до грчеви и болки во стомакот, дијареа, а особено треба да бидат претпазливи дијабетичарите, поради високиот процент на шеќер кој грозјето го содржи.

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЛИСТОВИТЕ ОД ВИНОВА ЛОЗА

Какви лековити својства имаат листовите од винова лоза?

Во листот од винова лоза има многу витамин Ц, Е, А, К и Б6, како и ниацин, железо, влакна, рибофлавин, фолати, калциум, магнезиум, бакар и манган.

Се користи како противвоспалително и како средство за подобрување на циркулацијата.

Противвоспалително дејство

Листовите од винова лоза имаат благо противвоспалително делување. Хроничното воспаление е резулатат на многу сериозни болести, како што се болести на срцето, многу видови канцер и Алцхајмерова болест, но и артритис, како и болести на дигестивниот тракт, како што е Кроновата болест.

За развој на хронични воспаленија може да придонесе и генетиката, но и стилот на живеење, па затоа храната која е богата со противвоспалителни намирници е најдобра стратегија за намалување на долгорочниот ризик од болести.

Хронична венска инсуфициенција

Според истражувањето спроведено во 2010 на Одделението за дерматологија на Универзитетот во Фреибург, билниот екстракт од винова лоза го намалува едемот кај болните со хронична венска инсуфициенција.

Оваа состојба се карактеризира како проблем со повратокот на крвта од нозете во срцето. Кога крвта тешко се враќа во срцето, нозете може да отечат, а тоа предизвикува едем.

Други користи

Листот од винова лоза се користи за лекување на дијареа, тешко менструално крвавење, крвавење на матката, чиреви и вагинален исцедок. Американците користат чај од овие листови за дијареа, хепатитис и желудечни проблеми.

Loading...