Водителката починала за само 10 дена откако и била соопштена дијагнозата, а нејзиниот маж сега ги предупредува другите жени да внимаваат на овие симптоми.
Минатата година, бо 51.година од животот, и бил дијагностициран агресивен облик на рак на јајници. Животот го изгубила само 10 дена по соопштувањето на страшната дијагноза.
Дијана Оксбери била познато лице од BBC North West телевизијата, ја водела временската прогноза. Гледачите ја сакале и била омилена. Меѓутоа, ја снашла оваа ужасна болест.
Минатата година, бо 51.година од животот, и бил дијагностициран агресивен облик на рак на јајници. Животот го изгубила само 10 дена по соопштувањето на страшната дијагноза.
Нејзиниот сопруг, снимателот Ијан Хиндл, сега говори за трагедијата.
-Не поминува ни ден а да не помислам на неа, често плачам додека размислувам за неа – признава 57 годишниот камерман, татко на нивните две мали деца.
.Ми недостига нејзината смисла за хумор, нејзината љубов. Беше одлична сопруга и мајка, ми недостигаат сите работи кои ги правевме заедно.
Кога почина во јануари 2019 година, нејзината смрт остави голема тага во животите на нејзиното семејство.
-Брзината на болеста беше толку шокантна за сите нас. Во почетокот не беше толку болна, па воопшто не ни помислувавме дека ќе умре. Ама клише е ако мислите дека ракот трае долго. Понекогаш, да, се случува да трае долго, но, најчесто не – вели Ијан.
Дијана во ноември започна да чувствува умор и болки во стомакот, но не мислеше дека станува збор за нешто сериозно. Немаше историја на болести како што е рак на јајници во семејството.
Делуваше како болеста да и падна од небо.
Нејзиниот сопруг сега, во ретроспектива, гледа дека симптомите сепак постоеле.
-Сепак, тоа е дел од проблемот. Ракот на јајници е познат како “тивок убиец”, но всушност тој “шепоти” некои време. Постојат симптоми како што се подуеност, губиток на апетит, болка во стомакот и умор кои заедно можеа да упатуваат на тоа.
На 11 декеври Дијана бараше да оди на Итна, беше во големи болки. После тестовите и беше направена целосна хистеректомија и ткивото беше испратено на биопсија. Веста е дека имаше рак на јајници во трет стадиум.
Жени, обратете внимание на овие симптоми, можеби не сте ни свесни дека ги имате.
Од голема важност да го следите и да го слушате своето тело, за да можете навреме да дознаете ако нешто потенцијално опасно се случува со вас.
Кај жените појава на цисти на јајниците е нормална и честа појава, и тие по извесно време сами исчезнуваат. Но, кога цистата ќе започне да расте, може да предизвика сериозни проблеми.
Ова се важни симптоми кои би можеле да значат дека имате цисти на јајниците:
-подуеност или отекување на стомакот
-болен интестинален мотилитет
-болки во карлицата пред и после менструалниот циклус
-болки во долниот дел од грбот или бурините
-пречувствителност на градите
Доколку било кој од овие знаци се појавува константно и се повторува, најдобро би било што поскоро да го посетите својот лекар.