Home Рецепти Не го менувам овој рецепт за ВАНИЛИЦИ за ништо на светот! Толку...

Не го менувам овој рецепт за ВАНИЛИЦИ за ништо на светот! Толку се ровки, вкусни…

Фото и рецепт: Снеки Матејиќ

Овој рецепт го најдов на Интернет за Божиќ, без скептична, ама ги направив. Предобри се, се топат во уста. Единствени кекси кои не пукаат. Направете ги по овој рецепт и верувајте, нема да се покаете. Колку подолго стојат, толку се поубави.

Потребни состојки:

500 г маст
1 чаша од 200 мл јогурт
1 чаша шеќер (од ситниот)
1 прашок за печиво
1 кг брашно тип 400

Постапка:

Изматете ги маста и шеќерот пенасто. Додадете го јогуртот, прашокот за печиво и замесете со брашното.

Развлечете кора со дебелина од 0,5 мм, па со модличка вадете ги ванилиците и редете ги на плех. Јас ги вадев со капаче од шише.

Печете ги 20 минути на температура од 200 степени. Печените колачиња оставете ги да изладат, па потоа спојувајте ги со џем по избор.

Фото и рецепт: Снеки Матејиќ