Сигурно сте слушнале за популарниот рецепт, како да се ослободите од вишокот килограми, подуеноста, уморот и задржаната вода во телото и за само три дена да се ослободите од 5 килограми. Во продолжение на текстот сè е објаснето.

Причините за задржување на течности во телото може да ги побараме во повеќе состојби, навики или недостатоци во исхраната.

Нерамнотежата кај хормоните за време на менструалниот циклус, бременоста, менопаузата и ПМС можат жената да ја направат отечена. Не е тајна ниту дека и градите одеднаш “пораснуваат” еден ден пред да добијат мензис.

Претераниот внес на сол, шеќери и масти исто така, можат да придонесат за задржување на вода во организмот, со што дополнително се влошува состојбата поради недоволен внес на витамините од Б комплекс и протеини.

Брзата храна и јадењата кои се многу зачинети со сол, му сугерираат на делото дека тоа е дехидрирано, па затоа тоа започнува да ја задржува водата, за да се заштити. Притоа, ние се чувствуваме отечено, особено во пределот на лицето, нозете и стомакот.

Исто така, некои хронични болести како што се на бубрезите, белите дробови или артритисот, може да предизвикаат задржување на вода во организмот.

Магдоносот е билка која ја користиме како зачин и која има “магични” маќи. Неговата количина во јадењето секогаш е мала, затоа што се плашиме дека ќе преовладува неговиот мирис и арома, па затоа не е доволна за да го поттикне излачувањето на насобраните течности во телото.

Магдоносот е одличен сојузник во борбата против уринарните проблеми, бубрежните заболувања и претставува силен диуретик. Како лек може да се користи неговиот корен и неговиот лист.

Постојат бројни рецепти за приготвување на чај од магдонос, а популарната Рамиза еве што ни раскажа:

“Магдоносот е чудо. Во четвртокот имав 72 кг, а два дена подоцна имав 5 килограми помалку!

Не станува збор за килограми сало, туку за насобрани течности кои јас ги исфрлив по пат на мокрење. Се чувствувам супер лесно, како да ќе полетам”- вели Рамиза Терзимехиќ (39).

Еве го нејзиниот рецепт, кој е доста едноставен:

“Во зовриена вода околу еден литар, додадете 5 големи лажици сечкан магдонос. Течноста оставете ја да отстои околу 20-тина минути, а потоа чајот можете да го процедете или да го пиете заедно со магдоносот. Не претставува никаков проблем при голтањето.

За чај од магдонос се одлучив поради проблемите со бубрезите. Сите ми советуваа увин чај. Навистина од овој чај почувствував подобрување, но и натаму останував отечена.

Затоа одлучив увиниот чај да го заменам со магдонос, и ете така дојдов до овие резултати” – раскажува Рамиза.

Чајот од магдонос може да се пие топол или ладен. Може да го пиете во било кој дел од денот, освен доцна навечер, зошто ќе треба да станувате од спиење за да одите во тоалет. Инаку, од овој чај често се оди во WC.

Излачувањето на течностите од телото е многу важно. Заедно со урината се исфрлаат отровите, бактериите и другите штетни материи.

За магдоносот е научно докажано дека е одличен диуретик, а покрај тоа е и силен антиоксидант. Консумирањето на чај од магдонос се препорачува и кај здрави лица, но не смее да се претерува.

Консумирањето нека биде не повеќе од еден литар чај дневно.