Home Здравје Рецепт за дијабетес, холестерол,астма и чистење на бубрезите од наталожени токсини

Рецепт за дијабетес, холестерол,астма и чистење на бубрезите од наталожени токсини

Коментар на Благица Баба Буки Ивановска:

“Рецептот е проверен и ефикасен! Во недостиг на бамји истиот принцип може да се примени со кромид…”

Бамјата може да помогне во лекувањето на дијабетес, астма, холестерол и болести на бубрезите.

Бамјата е хранлив зеленчук со потекло од Северно-источна Африка.Се одгледува во топлите области ширум светот.

Оваа билка е исклучително хранлива, содржи 30 калории, 21 милиграм витамин Ц, 3 грама диетални влакна, 7,6 грама јаглехидрати, 2 грама протеини, 1 грам масти, околу 80 микрограми фолна киселина и 60 милиграми магнезиум.

Освен тоа, ова растение може да се консумира во текот на целата година.
Неверојатната бамја дава бројни здравствени благодети, вклучително:

-го намалува холестеролот
-помага во лекувањето на дијабетесот
-го јакне имунолошкиот систем
-спречува бубрежни болести
-ублажува астма
-ја намалува глукозата која се апсорбира од храната

РЕЦЕПТ ЗА ВОДА ОД БАМЈА

<

Со овој рецепт можете да направите вода од бамја која ќе ви помогне да го регулирате нивото на шеќерот во крвта, а воедно и сите останати здравствени предности од бамјата.

Потребни ви се 2-4 свежи бамји. Исечете им ги краевите и пресечете ги надолжно, па ставете ги во чаша вода. Оставете ги така да отстојат преку ноќ.

Следното утро исцедете ги и по потреба додадете уште вода. Испијте ја течноста, половина час пред појадок.