Изобилува со хранливи материи, а бидејќи има само 28 калории во 100 гр, таа е идеална намирница за здраво слабење.
СОК ОД ТИКВА И ЈАБОЛКА
Овој сок не само што е вкусен, туку е исклучително корисен за здравјето. Го намалува холестеролот, ја подобрува дигестијата, го нормализира високиот крвен притисок и го зголемува имунитетот.
Како да го направите сокот?
Исечете ја тиквата на помали парчиња и исчистете ја од кората. Можете да ја сварите во малку вода или да ја завиткате во фолија и да ја испечете. Потоа тиквата испасирајте ја или изблендирајте ја со течноста во која се готвела, а потоа измешајте ја во иста количина свежо исцеден сок од јаболка. Доколку ја печете теиквата, прво исцедете го сокот, а потоа тиквата изблендирајте ја во сокот од јаболка.
“ВИНО ОД ТИКВА СО ЈАБОЛКА”
Потребни состојки:
1,5 кг тиква
1 литар сок од јаболко
200 г мед
3 лимони -сок и кора
1 стапче цимет
Постапка:
Тиквата излупете ја и исечете ја на ситни коцки. Додадете го сокот од јаболката, медот, сокот и излупената шолта кора (без белиот слој) од лимоните и циметот, па ставете ги во сад и кратко провријте на оган.
Течноста изладете ја и процедете ја.
Можете веднаш да го консумирате напитокот или пак можете да додадете 250 мл овошна ракија и да го складирате во стаклено шише.
Ова е одличен напиток против умор и исцрпеност. Ја подига и враќа енергијата во организмот која сте ја изгубиле поради болест и напорен период. Се комсумира по половина ракиена чашка, 2-3 пати во денот.
Тиквата содржи високо ниво на антиоксиданси и каротен, како и особено високо ниво на витамин Ц и Е. Со своите лековити својства, идеална е во борбата против срцеви заболувања, за намалување на ризикот од рак, катаракта и мозочен удар.
Содржи и калиум кој е важен за функцијата на срцето, фосфор и калциум кои влијаат врз коските и забите, железо кое е важно за крвта и манган кој ја чува кожата.
Меснатиот дел од плодот на тиквата изобилува со бета кротен и витамин Е – силни антиоксиданси, важни за превенција и борба против ракот.
Благодарение на целулозата тиквата поседува и пургативно својство, односно способност за прочистување на организмот од отпадните материи.
Тиквата е добар лаксатив кој ги лекува воспалителните процеси на цревата и го спречува ракот на цревата.
Богатството од природно избалансирани витамини и минерали во тиквата придонесува за зајакнување на отпорноста на телото и поголема ментална свежина и виталност.
Тиквата можете да ја употребувате и за нега на кожата, за подобрување на состојбата со проблематичната кожа на лицето, лекување на акните и како маска за ревитализирање на кожата.
Семките од тиква се одличен извор на протеини 50-тина грама семки задоволуваат половина од дневните потреби за аминокиселини. Со грицкањето семки се снабдуваме и со омега-3 масни киселини кои се познат чувар на срцето, видот и расположението.
Маслото од тиква содржи голем процент на бета каротен, витамин Е и калиум кои му се потребни на нашиот организам.