Сируп со рузмарин и лимон за смирување на кашлицата, исфрлање на слузта и подигање на имунитетот

Фото и рецепт: Даниела Стамевски

Овој лек со рузмарин е особено погоден за искашлување на слузта, а покрај тоа успешно се бори со патогените микроорганизми и го подига имунитетот.

За да го подготвите овој сируп потребни ви се 3 свежи гранчиња рузмарин. Се користат врвовите, долги околу 5 см, а од нив се вадат само игличките. Во случај да не можете да најдете свеж рузмарин, тогаш користете 3 полни супени лажици сув рузмарин.

Потребни состојки:

3 гранчиња рузмарин
3 лимони
250 г шеќер (или мед)
1 литар вода

Постапка:

Лимонот добро се мие па се потопува во вода со 1 лажица сол и 1 лажица сода бикарбона. Се остава да отстои еден ден. Повторно се измива со вода.

Потоа лимоните се сечат на парчиња и се ставаат во сад со еден литар вода. Се додава и рузмаринот па садот се става на оган да зоврие.

Откако течноста ќе зоврие температурата се намалува на умерено и се остава да врие додека течноста да се преполови.

Се процедува низ газа, па се додава шеќерот и повторно се враќа на оган малку да проврие колку да се растопи и да се добие сируп. Се трга од оган и се складира во стаклени теглички.

Употреба: Се консумира по една супена лажица 3 пати во текот на денот, пред јадење. Помага при искашлување и го подига имунитетот.

Фото и рецепт: Даниела Стамевски

Претходна статијаДомашен сируп од морков и мед за кашлица и полесно исфрлање на секретот
Следна статијаЛековит сок од тиква и јаболко за зголемување на имунитетот, намалување на холестеролот и притисокот, против запек