Од архивите на НМД: Еликсир за регенерација на црниот дроб и подмладување. Кожата се измазнува, косата престанува да белее и станува погуста, а се подобрува и видот.

Постојат природни и ефикасни методи за подмладување и не мора секогаш да се користат скапи козметички препарати и уште поскапи и ризични хируршки зафати.

Подмладувањето на лицето, телото и целиот организам не може да се состои само од козметички процедури.

Најдобро е да се комбинираат различни методи за подмладување кои даваат извонредни резултати: правилна исхрана, одговарачки телесни вежби, природна нега и духовно задоволство.

Сигурно сте забележале дека постојат жени кои изгледаат за 10, 15 години помладо, а кои не се подложиле на естетски зафати.

Една госпоѓа која сака да остане анонимна, ни ја открива својата тајна за продолжена младост: таа тврди дека после користењето на овој еликсир и се подобрил видот (од диоптрија -3 на -1), кожата и станала мазна и еластична по целото тело, а косата погуста. И што е најневеројатно- косата престанала да и белее.

Еликсирот содржи ленено масло, кое е билен хормон; ленот содржи линолна (омега-6), олеинска (омега-9) и палмитинска масна киселина, а повеќе од половината масти содржани во ленот се сочинети од алфалиноленска киселина (омега-3) со што лененото семе претставува најбогат билен извор на омега-3 масни киселини (двојно повеќе од рибиното масло).

Еликсирот всушност го прочистува црниот дроб.

ЕЛИКСИР НА МЛАДОСТА-РЕЦЕПТ:

Потребни состојки

100 мл ленено масло
2 лимони со средна големина
1 голема главица лук
0,5 кг мед

Постапка:

Лимоните оставете ги да отстојат 15-тина минути во солена вода. Измијте ги добро, а едниот од нив излупете го. Лукот исчистете го на чешниња, па заедно со исечканите лимони ставете ги во блендер и миксајте додека да добиете еднолична смеса.

Добиената смеса помешајте ја со медот, додадете го и лененото масло, па повторно сето измешајте го до изедначување.

Чување: во стаклена тегла, во фрижидер.

Употреба: трипати дневно по 1 лажица, половина час пред јадење.