Некои изјави дури можат да бидат и смешни, но најчесто се навредливи.
Пред три години блогерката Авери Ветхерфорд го изгуби својот татко. И пристигале разни изрази на сочувство, од смешни до навредливи. Таа сега одличила да состави список од фрази кои никогаш не би требало да му ги кажете на лице кое изгубило некој близок.
“Добро се држиш”
Можеби пријателот ви изгледа добро, но вие не знаете што се случува во неговото срце, душа… Дали лицето е добро или дали изгледа добро на погребот на негов близок, едноставно не треба да се коментира…
“Се’ се случува со причина”
Еден мој пријател после смртта на мојот татко направи фотографија на која пишуваше “Се’ се случува со причина” и тоа го закачи на мојот Фејсбук профил. Веројатно сакаше да ме инспирира, но јас веднаш го избришав од пријатели. Далеку од тоа дека смртта на мојот татко беше за некоја повисока цел, па дури и ако нешто добро произлезе од разни трагични настани, тие не смеат да се мешаат со позитивните работи кои “условиле”.
“Дали бевте блиски?”
Што можете да одговорите на ова прашање? Или да кажете “да” па тоа е многу тажно, или “не” што може да биде уште потажно и поболно. Тагата со себе носи многу сложени чувства. Ако вашиот пријател имал слаби контакти со таткото или мајката кои ги изгубил, тоа може само да му ја влоши болката. Не е важно дали разговарал со својот близок секој ден или еднаш годишно, главно е да го поддржите, а се’ останато е помалку важно.
“Бог секогаш ни испраќа онолку колку што можеме да поднесеме”
Оваа изјава во случајот е тотално бескорисна. Многу луѓе доживуваат далеку потешки ситуации од што можат да ги поднесат. Не сме создадени да ги тестираме границите на болката. Ако видиме дека нашиот пријател трпи поради болка, утеха е само да му понудиме рака – зборови не се потребни.
“Ако ти треба нешто – јави ми”
Тешко е да се побара помош. Ако можеш помогни веднаш, не чекај пријателот да те замоли.
Еве што можете да направите за некој на кого му умрел татко или мајка:
-може да му дојдете во посета, да му донесете чај, свежо сварена топла супа, шал, списанија…
-можете цврсто да го прегрнете и да молчите.
-можете да донесете кутија чоколади и разгледница со потпис од сите колеги од фирмата кои таа личност ја тешат и ја храбрат да издржи и покрај големата тага.
-можете да ја посетите мајката или таткото на вашиот пријател и да испиете кафе со неа/него.
Болката не умира после еден месец, после една година… Болката поради губиток на родител останува засекогаш, но убавиот гест може да направи вашиот пријател да се чувствува попријатно.