Ова е еден стар, речиси заборавен десерт, омилен во сите домови. Многу одамна не сме го јаделе, а постојано бараме нешто брзо и лесно по рецептите низ Интернет. Ова е стар рецепт од нашите баби, па да го направиме.
Потребни состојки за бел дел:
6 белки
1 литар млеко
1 лажица шеќер
4 ванилин шеќер
за жолт дел:
2 лажици брашно
6 жолчки
2 лажици шеќер
Постапка:
Добро изматете ги белките со шеќерот, матете најмалку 10 минути за да се добие доста цврст снег – шне. За тоа време на оган ставете да проврие млеко со ванилин шеќер. Од тоа млеко одвојте 5 лажици кои ќе ви бидат потребни за филот.
Кога ќе проврие, намалете го огнот, па со лажица спуштајте од белките. Ви препорачувам помали парчиња да ставате зошто тие многу се зголемуваат.
Се ставаат по 2-3 “облачиња”, по 10 секунди од секоја страна. Со решеткаста лажица вадете ги облачињата во друг сад, добро исцедени.
Кога ќе завршите со белките, изматете ги жолчките, брашното, шеќер и млекото кое претходно го тргнавте на страна. Добиената смеса со мешање сварете ја во млекото додека да згусне. Филот не смее да биде премногу густ.
Со овој фил уште додека е топол полијте ги облачињата и оставете да се излади. Можете да ги распоредите и во помали садови, побрзо ќе излади.
А имаме уште еден рецепт, со 4 јајца: