Тоник од рузмарин за слабо и кршливо влакно со слаб корен

Рузмаринот е спас број еден за коса која има тенко влакно, кршливо со слаб корен, за слаба коса која е склона кон опаѓање.

Оваа билка содржи една извонредна супстанција, урзолинска киселина која активно ја стимулира циркулацијата на крвта во скалпот. Тоа значи повеќе кислород, витамини и хранливи материи кои ќе допрат до коренот на косата, а тоа ќе придонесе за зголемување на брзината на растот и појава на нови влакна.

Регенеративните својства на рузмаринот ја подобруваат состојбата и изгледот на косата, и даваат сјај, еластичност и цврстина. Освен тоа, рузмаринот исто така, придонесува за оздравување на кожата од главата, благодарение на своите противвоспалителни, антисептички и антифунгални својства.

А здравата кожа на главата е клуч за добар раст на косата и превенција од прекумерно опаѓање на косата.

Потребни состојки:

3 мали лажички сув рузмарин (или три мали гранчиња свеж)
1 кесичка зелен чај (или 1 мала лажичка зелен чај во прав)
2 см свеж корен од ѓумбир
350 мл вода
шише со распрскувач

Постапка:

Во еден сад загрејте 350 мл вода, ставете зелен чај, рузмарин и сечкан или рендан ѓумбир. Кога ќе зоврие течноста веднаш намалете го огнот и гответе уште 5 минути. Тргнете на страна и поклопете го садот додека течноста да излади. Потоа процедете низ густа газа и течноста складирајте ја во шише со распрскувач.

Употреба:

Нанесувајте го тоникот секој ден навечер, пред спиење, делејќи ја косата на прамени и разделоци. Со врвот од прстите 3 минути тријте го средството во кожата од главата. Легнете да спиете без да го исплакнете тоникот.

Тоникот можете да го чувате најдолго една седмица во фрижидер и затоа потрудете се да го искористите за тоа време.

Покрај главната состојка, овој тоник содржи и зелен чај – фантастично средство за поттикнување на растот на косата. Познато е дека зелениот чај содржи кофеин, кој пред се’ ја зголемува микроциркулацијата на кожата од главата, а исто така го забрзува и растот затоа што го инхибира хормонот DHT (dihidrotestosteron) кој е причинител за алопеција и ќелавост не само кај мажите, туку и кај жените.

Рузмаринот најдобро делува со ѓумбирот – силен антиоксиданс и антисептик, кој го намалува јадежот, првутот и лупењето на кожата од главата.

Ѓумбирот ги снабдува фоликулите на косата со витамини, минерали, масни киселини, ја обновува влажноста, ги јакне влакната од косата и спречува опаѓање на косата.

Многу едноставно, воопшто без да излезете од дома, можете да и помогнете на вашата коса таа повторно да изгледа здраво и сјајно.

Loading...