Колачи од брзо тесто полнети со сливи…Многу лесен и брз рецепт…Вкусни и освежителни, секое лето се хит…Многу се вкусни, мора да ги пробате! Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
1 кг пире од компири
2 јајца
2 лажици масло
малку сол
400 г остро брашно
20-тина сливи, свежи или замрзнати
малку лебни трошки
малку масло
Постапка:
Компирот излупете го и сварете го, испасирајте го во пире па оставете го да се олади.
Измерете го пирето, па на секои 500 г пире се додава по една лажица масло, 1 јајце, 200 г остро брашно… Тоа е основната мерка!
Замесете го тестото, развлечете кора и исечете ја на квадрати. Во секој квадрат ставете по една слива од која претходно сте ја извадиле семката и можете да дополните внатре да ставите малку шеќер (не мора).
Убаво формирајте ја „кнедлата“ во вид на топче. Варете ги во зовриена вода 15 минути, а потоа извадете ги од водата и валајте ги во претходно пропржени лебни трошки на малку масло.
Приготвените кнедли пред да се сварат може да ги замрзнете. Јас секогаш правам околу 40-тина парчиња од околу 2 кг пире, па ги замрзнувам, па кога и да посакам си вадам и така замрзнати ги варам во врела вода 15-тина минути.