Многу се вкусни топчињата, едноставни и за многу кратко време се приготвуваат. Една мана имаат, веднаш се изедуваат…Еве што ви е потребно:
Потребни состојки: 800 г еурокрем, 400 г путер, 2 бели Милка чоколади, 2 црни Милка чоколади, 200 г лешници, 200 г мелени бисквити, 200 г бадеми и кокос и мелени лешници за валкање и декорација
Постапка: на тивок оган растопете црно чоколадо со 200 г путер, а потоа додајте црн еурокрем, па мешајте и додавајте ситно сечкани лешници и 100 г мелени бисквити.
Брзо тргнете од оган и оставете смесата да излади.
На тивок оган растопете бело чоколадо со 200 г путер, па додајте бел еурокрем и ситно сечкани бадеми. Мешајте на тивок оган, а потоа додајте ги мелените бисквити.
Кога ќе излади смесата, правете топчиња и валајте ги во кокос или во мелени лешници.