Сладок мармалад, вкусен и мирисен!

Потребни состојки:

1 кг праски (исчистени од семки)
½ сок од лимон
400 г шеќер
2 кесички ванилин шеќер
15-тина гранчиња свежо нане

Постапка:

1.На праските им се отстрануваат кората и семките, се сечкаат на коцки и се ставаат во сад за готвење.

2.Се прелеваат со сок од лимон и се промешуваат за рамномерно да бидат натопени со лимоновиот сок.

3.Се додаваат околу 5 гранчиња нане, и вода колку да ги прекрие праските, па се става на оган да се вари додека добро да омекнат, околу половина час.

4.Се трга од оган, се отстрануваат гранчињата нане и се одлива вишокот вода, т.е. се остава околу 100 мл од водата во која се вареа праските.

5.Омекнатите праски се пасираат, им се додава шеќерот и ванилин шеќерот и добро се промешува.

6.Преостанатите 10-тина гранчиња нане се подврзуваат во парче газа кое потоа се става во кашата од праски.

7.Се готви на умерена температура со постојано мешање додека да згусне, околу 45 минути до 1 час.

8.Извадете ги гранчињата нане.

Мармаладот е готов, складирајте го во чисти и загреани тегли. Добро затворете ги и свртете ги наопаку, да стојат врз капакот околу 10-тина минути, а потоа вратете ги во нормална положба и оставете да изладат.

И ете, ќе добиете мирисен мармалад!