Home Народна медицина Листот од бршлен во мали количини лекува полипи, бубрези, првут, атеросклероза

Листот од бршлен во мали количини лекува полипи, бубрези, првут, атеросклероза

Луѓето кои имаат валгус на стапалото, обично имаат болни калуси и тврда кожа, со што имаат големи потешкотии при одењето.

Добро иситнети четири свежи листови од бршлен ставајте ги секоја вечер врз калусот, фиксирајте со завој и оставете да делува најмалку еден час. После 7-10 дена ќе можете да го отстраните калусот со прсти.

Лековито делување:

Листот од бршлен во мали количини делува врз крвните садови и срцето. Се користи за лекување на заболена слезина, полипи во носот, болест на очите, меки коски, камен и песок во бубрезите, воспаление на мочниот меур и бело прање кај жени.

Понатаму, се користи и за лекување на кожни болести, рани и скрофулозни деца (кои е потребно да се бањаат во одварка од бршленов лист).

Плодот од бршлен треба многу внимателно да се користи. Со мешање на коњско опавче и нане се користи за лекување на некои внатрешни болести.

Со големо внимание, чај од бршленов лист може да се употреби за ревматски и жолчни тегоби, за чистење на кожата, чистење на крвни садови при атеросклероза, кај воспален желудник и црева, како и за регулирање на месечниот циклус кај жени, кај кашлица, бронхитис и астма.

Со вшмркување на сок од бршлен се лекуваат носни полипи.

Ако секоја вечер косата се испира со чај од бршленов лист, ќе се отстрани првутот, а со пиење се чисти телото од труење со пестициди и штетни радиоактивни зрачења.

Не се препорачува консумирање на повеќе од две лажици иситнент лист од бршлен на литар вода!

Бобинките од бршлен не ги оставајте на дофат на мали деца и не ги користете за приготвување на чај.

Рецепт за чај од бршленов лист:

Четири бршленови свежи листови или до две лажици иситнет бршленов лист ставете во еден литар ладна вода, на оган да зоврие, па веднаш процедете и пијте неколку пати во текот на денот, по 100 мл чај.

Бобинките од бршлен не ги оставајте на дофат на мали деца и не ги користете за приготвување на чај!

Третманот не смее да трае повеќе од 14 денови!

Чај за ревматски тегоби:

За чајна мешавина се користи по 1/5 лист од бршлен, лист и цвет од обичен Тажник (Filipendula vulgaris ), Златица (Solidago virgaaurea ), Иванско цвеќе (Galium verum ) и корен од јаглика (  Primula vulgaris).

Три лажици од мешавината се прелива со еден литар врела вода и се остава поклопено 10 минути. 

Се процедува и се пие по 150 мл незасладено, половина час пред јадење и помеѓу оброци, пет до седумпати дневно, а после 14 дена се прави пауза од 7 дена.

Третман за целулит:

Земете по 50 мл тинктура од бршленов лист, масло од невенов цвет и масло од корен од чичок, на еден литар растопена несолена свинска маст или путер.

Мешајте и загревајте на околу 70 степени, па додадете 50 мл растопен пчелин восок, разлејте во садови и добро затворете.

Секоја ноќ по 15 минути втривајте ја маста во кожата каде има целулит.

Чајот за појачан метаболизам и излачување кој се користи заедно со овој третман, се приготвува на следниот начин: во еднакви делови се земаат врвови од медуника (Pulmonaria officinalis ), врвови златница и корен од јаглика.

Три лажици од мешавината се преливаат со еден литар врела вода, се остава поклопено 20 минути, се процедува и се пие млак и незасладен чај, по 150 мл на секои три часа. Третманот трае 28 дена. Потоа се прави пауза од 14 денови.

Отстранување на калус од стапалото (курије око):

Добро иситнети четири свежи листови од бршлен ставајте ги секоја вечер врз калусот, фиксирајте со завој и оставете да делува најмалку еден час. После 7-10 дена ќе можете да го отстраните калусот со прсти.