МЕШАНА САЛАТА ЗА ЗИМНИЦА…или ПРЕЛИВ за сите видови зимници…Нешто многу едноставно, вкусно и после ден-два може да се јаде. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки за зимница:

-пиперка зелена, црвена и жолта
-морков
-црвен кромид
-карфиол
-краставици
-зелени домати
-свежа зелка

За ПРЕЛИВ:

500 мл алкохолна киселина
2 литри ладна вода
200 г шеќер
200 г сол
црн пипер во зрно
коријандер во зрно

Постапка:

Намерно не ги ставив количините, зашто секој става според сопствена желба, што си сака повеќе, а може и сите состојки подеднакво.

Прво, сите состојки исечкајте ги ситно: морковот и краставиците на тркалца, пиперката, зелката и кромидот на ленти со дебелина од 3-5 мм, доматите на четвртинки, карфиолот на ситни цветчиња.

Во меѓувреме ставете го оцетот да зоврие во кој сме додале вода, шеќер, сол, црн пипер и коријандер во зрно.

Зеленчукот редете го во тегли и добро потиснете го. Одозгора залијте со врел прелив.

Кој сака одозгора може да стави и неколку зрнца конзерванс (јас ставам за подолг рок на траење), а кој не сака конзерванс нека проба со вакуумирање (јас немам искуство со тоа, па не знам како се прави, но со задоволство би прифатила совет).

Мешана салата на ладно: запишете си го овој одличен рецепт, наскоро ќе ви биде потребен!

Во секоја тегла ставете 3-4 зрна црн пипер, неколку зрна коријандер и добро затворете.

Со овој прелив киселам секаков зеленчук, само што кога тоа го правам со пиперки, нив кратко ги проварувам во истиот овој прелив. Оваа количина е доволна за 10-15 шишиња или тегли од 1 литар.