Овој антички самурајски тест го открива вашиот вистински карактер!
Дали некогаш сте слушнале дека комуникацијата меѓу луѓето е само 7% вербална и 93% не-вербална, односно комуникација со гестикулации?
Комуникацијата со гестилулации е многу важна, бидејќи секој човек може да емитува позитивна или негативна енергија, со своите движења и фацијални експресии.
ВИДОВИ НА ТУПАНИЦИ
Дали знаевте дека начинот на кој ќе ја направите тупаницата може да говори многу за вас? Според античкиот саморајски тест, тупаницата може да го открие вашиот карактер.
Сè што треба да направите е да стиснете тупаница како да сакате да удрите во нешто или како да држите стап. Дали вашиот палец е надвор од тупаницата и гледа напред? Дали е надвор врз другите прсти, или пак е внатре помеѓу другите прсти? Подолу во текстот можете да прочитате што значи сето тоа.
ВИД НА ТУПАНИЦА 1
Овој тип на луѓе се водачи, инспиративни, влијателни и заштитно наклонети. Тие се родени лидери и секогаш сакаат да ја постигнат својата цел, без разлика дали е голема или мала.
Исто така, овие луѓе би направиле сè за да ги заштитат оние кои ги сакаат. Ако некој од нив се чуствува несигурно или загрозено, тие ќе дадат сè од себе за да ги ја подобрат нивната состојба.
ВИД НА ТУПАНИЦА 2
Овој тип на луѓе се мотивирани, искрени и самоуверени. Тие секогаш си го покажуваат своето вистинско лице. Тие секогаш веруваат во себе, во своите сништа и цели, и се задоволни од тоа каква личност се.
Понекогаш, може да настрадаат дома или на работа, поради нивната голема искреност. Тие се директни и со својата искреност покажуваат дека немаат што да кријат.
ВИД НА ТУПАНИЦА 3
Овој тип на луѓе се најчесто интроспективни, љубезни и емотивни. Овие луѓе се интровертни, бидејќи не сакаат да бидат забележани од многу луѓе и не го покажуваат тоа што го мислат и чувствуваат.
Тие не сакаат да имаат милиони лажни пријатели, префирираат 2-3 вистински пријатели и тоа за нив претставува рај, не им е потребно ништо друго.
Тие се екстремно љубезни и секогаш се присутни кога некому му е потребна утеха.
ПСИХОЛОШКА ГЛЕДНА ТОЧКА
За повеќето ова можеби е само една интересна игра и забава како што е читањето на дневен хороскоп. Но според психологот Гордон Алпорт и неговиот ко-автор Филип Вернон кои заедно напишале книга, овој тест има големо длабоко психолошко значење.
Имено, во нивната книга се зборува за карактерот на човекот и како може да се дознае повеќе за него преку човековите не-вербални знаци. Сите наши навики, гестикулации, движења, емоции и реакции може да кажат многу за нас.
Кој тип сте вие според самурајскиот тест? Споделете ги вашите резултати во коментар!