Печени тиквички со пармезан и зачини-брз ручек за 20 минути

Сигурни сме дека на овој начин досега не сте ги јаделе тиквичките: крцкави, здрави и превкусни.

Одлични се за летно време кога е претопло и не сакате да ја вклучувате рерната повеќе од 20 минути, но и кога ви е потребен брз и вкусен ручек кој не бара многу комплицирана подготовка.

Потребни состојки:

4 долги тиквички
110 г рендан пармезан
½ лажичка оригано
½ лажичка сув босилек
½ лажичка сушена мајчина душичка
½ лажичка лук во прав
2 лажици сув магдонос
Сол по вкус
Маслиново масло

Постапка:

Загрејте ја рерната на 180 степени.
Во еден сад измешајте го пармезанот, солта и зачините.

Тенките и измиени тиквички исечете ги на четвртинки по должина, па премачкајте ги со масло и наредете ги во намастен плех.

Вака наредените тиквички поросете ги со смесата со пармезан и зачини, па печете 20 минути на 180 степени. 

Сервирајте ги топли.

Loading...