Купив јаболка од една белградска продавница и направив мал експеримент: кога ќе видите како изгледаат после тоа, ќе го изгубите апетитот! – загрижениот потрошувач ја објавила својата сторија и направените фотографии за zena.blic.rs
Имено, оваа жена раскажува како купила јаболка и одлучила да ја провери вистинитоста која кружи по социјалните мрежи, дека јаболката се премачкуваат со восок за да се продолжи нивниот рок на траење.
„Купив јаболка во еден белградски маркет и решив да проверам што ќе им се случи ако ги ставам во топла вода. Резултатот беше таков што јаболката останаа неизедени.
Сигурно и до вас дошле приказните за премачкување на јаболката со восок, исто како и до мене. За ова слушам веќе долго време, но отсекогаш ме мрзеше да проверам за што навистина се работи. Меѓутоа, конечно бев доволно одлучна и љубопитна за да ги проверам тие приказни. Се вратив од продавница со полна кеса овошје, а најмногу купив јаболка.
Наполнив чинии со врела вода и ги ставив јаболката, со план да ги оставам да отстојат неколку минути. Не знам што очекував, но во секој случај резултатите ги надминаа сите мои очекувања.
Намерно ги оставив до половина потопени за да можам да ги видам евентуалните разлики, а резултатите ме оставија без текст. Дури, кога ги извадив од водата, разликата со текот на времето стануваше се поочигледна.
Изненадена од тие резултати, одлучив да го направам истото и со лимоните и со портокалите. На портокалите разликата беше видлива, за жал тоа не се воочува на камерата, додека кај лимонот не се забележаа промени.
Љубопитната жена го запрашала инженерот по прехрамбена технологија, Мирослав Оташевиќ, кој вели дека станува збор за прехрамбен восок.
-Станува збор за прехрамбен восок кој освен што се користи кај овошјето, се става и во карамели, бонбони и во уште некои прехрамбени производи. Проблемот е во тоа што некои произведувачи ставаат природен, пчелин восок, а други ставаат хемија – вели Оташевиќ.
-Парафин, церезан, лој и слични работи се фалсификати на пчелиниот восок. Во домашни услови, секако, невозможно е да се утврди разликата. Она што претставува најголем проблем, па дури и ако восокот е природен, е фактот дека јаболкото „се гуши“ под восокот и ги губи своите здрави својства. Јаболкото мора да дише, а восокот како надворешен конзерванс, тоа не му го дозволува – вели Мирослав.
Восокот главно се отстранува со топла вода, но за да бидете спокојни, додадете и сода бикарбона. Меѓутоа, што добивате од угушените јаболка? И дали постои решение за тоа? Според него, единствено решение е да се купува проверено, домашно и непрскано овошје. Во спротивно, осудени сме на „угушени“ јаболка од каде и да ги купиме и колку и да ги миеме.