Фото и рецепт: Николина Стјепановиќ

Потребни состојки:

250 мл млеко
2 лажици шеќер
1 лажица квасец
4 лажици масло
2 јајца
200 г гриз
400 г брашно
За премачкување: 4 лажици растопен путер
За наросување: 100 г мелени ореви

За сируп:

600 г шеќер
700 г вода
1 ванилин шеќер
2-3 лажици сок од лимон

Постапка:

Во млако млеко додадете шеќер, сув квасец и оставете околу 5 минути да се активира, па потоа додадете 2 јајца, масло, гриз и брашно. Замесете го тестото и оставете го да надојде.

сочни ружички со ореви

Стасаното тесто поделете го на два дела. Двата дела развлечете ги во кора со величина од 40х20 см, па премачкајте ги со растопен путер. Одозгора наросете ги со мелени ореви и свиткајте ги во ролат.

Ролатот сечете го на парчиња со дебелина од 2 см и редете во ги во плех со сечената страна нагоре.

сочни ружички со ореви

Полжавчињата оставете ги да отстојат 10-15 минути и печете ги на 180 степени околу 20-25 минути додека да заруменат.

сочни ружички со ореви

Направете го сирупот: Шеќерот со водата ставете ги на оган да се варат 4-5 минути откако ќе проврие. Додадете ванилин шеќер и сок од лимон, па промешајте. Прелијте ги топлите полжавчиња со топол сируп.

сочни ружички со ореви

Фото и рецепт: Николина Стјепановиќ