Бронхопулмоналната дисплазија БДП е хронично белодробно заболување кое настанува поради нарушен пулмонален и васкуларен развој. Ги афектира предвремено родените бебиња со ниска родилна тежина, особено оние под 1000 грама. Бронхопулмоналната дисплазија е воедно најчестатта причина за респираторен морбидитет кај овие деца.
БПД предизвикува респираторни и кардиоваскуларни проблеми во првите 2 години од животот, потоа одложување на невролошкиот развој, како и заостанување во растот. Децата со историја со БПД може континуирано да имаат белодробни нарушувања до адолесценцијата па и потоа.
Во земјава 50 до 70 отсто од прематурните новородени со старост од 30 гестациска недела се со БДП, додека во САД оваа стапка се движи од 17 до 43%. Денес благодарение на лекот сурфактант, намален е морталитетот и тежината на болеста, но преживеаните со БПД се со визок ризик за белодробна болест првите 2 години од животот.
Причина за појава на БПД се интраутерина инфламација, механичката вентилација односно начинаот на нејзина употреба, апликацијата на високи концентрации на кислород кај дете родено под 30 та гестациска недела, потоа високи дози на вода во првите три до пет дена од раѓањето, натриум внесен преку основната инфузиона течност во првите три до пет дена, како и генетска основа
Долгорочни последици од БПД
Средната должина на хоспитален престој на родените под 1000 гр е 60 дена, со висок процент на потребна рехоспитализација. Во текот на првата година од животот, 49 отсто од новородените со БПД ќе бидат рехоспитализрани со висок процент на морталитет поврзан со белодробни компликации.
Инциденцата од ненадејна доенечка смртност е 7 пати поголема кај доенчиња со БПД отколку кај останатите. Ретроспективни студии идентификуваат стапка на преживување на тешка БПД од 71 отсто со потреба од долготрајна, домашна вентилација.
Критериуми за отпуштање од болница се зголемување на тежината на новороденото, кардиоваскуларна и респиратпрна стабилност, способнопст за координација на цицање, голтање и дишење, потврда за иминизацискиот статус како превенција од респираторни инфекции особено РСВ и едукација на членовите од семејството за препознавање на респираторна декомпензација.
Д-р Јорданка Маџоска