Многу е тешко да се држи устата затворена кога се обидувате да ослабете. Признајте дека за време на диетата секој час добивате желба нешто да грицнете, а раката сама ви посегнува кон фрижидерот.

Се покажало дека постојат бројни намирници кои можете да ги јадете во секој период од денот, без штета по вашата линија, бидејќи тие содржат минимална количина калории.

Ви откриваме кои намирници можете да ги јадете во текот на диетата, без да размислувате за големината на порцијата.

ЦЕЛЕР

целер

Целерот содржи речиси 95% вода и речиси нема енергетска вредност, но затоа содржи речиси 30% од дневните потреби од витамин К. Обидете се овој зеленчук да го купувате свеж, затоа што пет дена после берењето ги губи повеќето од своите корисни својства.

РУКОЛА

рукола

Неколку шолји рукола содржат само 10 калории и затоа овој зеленчук едноставно не може да и наштети на вашата линија. Руколата не мора да ја јадете сама. Можете да ја измешате со младо сирење и да ја зачините со малку маслиново масло.

БЕЛКА ОД ЈАЈЦЕ

белка

*во 1 белка

Белките од јајце може да се јадат во големи количини, па дури и оние кои се на диета. Можете да ги помешате со домати и да направите омлет. Сепак треба да имате на ум, дека ако ги пржите на масло ќе имаат повеќе калории.

САЛАТА

салата

Салатата ги содржи витамините А и Ц, а исто така и фолна киселина и железо. Притоа, овој зеленчук речиси да нема енергетска вредност, што значи дека консумирањето во големи количини не може да ни ја расипе фигурата.

КРАСТАВИЦА

краставица

Исто како целерот, краставицата се состои од речиси само вода. Треба да се напомене дека најкорисни се младите, крцкави краставици. Не е потребно да ги лупите, бидејќи токму во кората се содржи голема количина бета-каротен.

КАРФИОЛ

карфиол
карфиол

Карфиолот на нашиот организам му обезбедува витамини Ц и К, а истовремено ни најмалку не ни ја расипува линијата. Овој зеленчук има многу ниска енергетска вредност. Треба да се напомене дека карфиолот е покорисен доколку се јаде сиров.

ДОМАТИ

домати

Доматите содржат ликопен, витамини А, Ц и Б2, фолна киселина, целулоза, хром и калиум. Притоа, тој речиси и воопшто да нема калории освен витамини и минерали.

БРОКУЛА

брокула

Брокулата е омилена намирница за многумина кои се на диета. Освен витамините А, Ц, Е и К, овој вид на зеленчук содржи 20% од дневната доза диетални влакна. Покрај сè корисно што содржи, брокулата воопшто нема да ви ја расипе фигурата.

ПУКАНКИ

Пуканки

Чинија пуканки нема да и наштети на вашата фигура. Овие „филмски грицкалки“ се состојат главно од воздух – а од воздух секако не можете да се здебелите. Бирајте немасни и не многу солени пуканки.

МОРСКА ЗЕЛКА

МОРСКА ЗЕЛКА

Морската зелка, како и другите видови алги за јадење, содржат голема количина јод, а практично немаат енергетска вредност. Меѓутоа, тоа не значи дека можете безгрижно да јадете суши. Запамтете дека оризот има висок гликемиски индекс, а таквите намирници не придонесуваат за брзо слабеење.

СВЕЖ ГРАШОК

Шолја млад сладок грашок нема да ве здебели. Енергетската вредност на оваа намирница е мала, но затоа таа содржи доста целулоза, па дури и белковини.

ЦИТРОН

Цитронот помага за стабилизација на нивоата на шеќерот во крвта. Покрај тоа, богат е со витамин Ц. Ова овошје има ниска енергетска вредност и помага во слабеењето.

ДИЊА

Парче диња сигурно ќе ги израдува оние што се по благото, а решиле да слабеат. Дињата има мала енергетска вредност, а покрај тоа е извонредно вкусна. Само една порција диња содржи повеќе од потребната дневна доза од витамините А и Ц.

ЈАГОДИ

Јагодите се уште една слатка за љубителите на диети. Содржат многу калиум и целулоза. Покрај тоа, јагодите имаат антиинфламаторно дејство, а многу малку калории.

КАПИНИ

капини

Капините се полни со антиоксиданти и богати со витамин Ц. Покрај тоа се многу вкусни. Може мирно да ги јадат па дури и оние кои држат диета, бидејќи енергетската вредност на оваа намирница е релативно мала.

ПОРТОКАЛИ

портокали

Портокалите се едно од највкусните и најомилените видови овошје. За среќа, можете да се полакомите на овие слатки плодови, па дури и за време на диета. Портокалите имаат малку калории, но затоа многу витамин Ц. Не мора да ги лупите белиот слој помеѓу кората и плодот, бидејќи тој содржи многу целулозни влакна.

БОРОВИНКИ

Боровинките спаѓаат во намирници со најмногу антиоксиданти. Затоа чинија боровинки не само што нема да ви наштети, туку ќе и помогне на вашата диета. Енергетската вредност е многу мала, па така не мора да се грижите за вашата линија.