Не е тајна дека луѓето со прекумерна тежина се прејадуваат. Некои јадат кога се под стрес, на други им е досадно без слатки и грисини додека седат пред компјутер, а трети пак не можат ни филм да изгледаат без сендвич. Многумина го имаат истиот проблем: Како да престанеме да мислиме на храна?

Постои една вежба од кинеската гимнастика со која може да се намали апетитот за само 2 минути. За да ја направите оваа вежба и да постигнете резултати нема потреба од диети и воздржување од храна… тоа самото си доаѓа.

Оваа едноставна вежба од древната кинеска гимнастика – Чи Гонг, ќе ви помогне да се ослободите од чувството на глад.

Кинеските чигонг мајстори тврдат дека оваа техника 100% го блокира чувството на глад. Вежбата треба да ја практицираат сите оние кои се хранат неправилно или јадат премногу и оние кои постојано сакаат нешто да грицкаат.

Како се изведува:

Пред изведување на вежбата испијте чаша од 200 мл топла вода.

Одберете наслон за рацете – средно висок стол или маса. Потпрете се со лактите на наслонот од столот, како што е прикажано на фотографијата, или наслонете се со дланките на столот.

Висината на наслонот одберете ја за да ви биде максимално удобно, а грбот свиткан.

кинеска вежба

Длабоко вдишете и истовремено вовлечете го стомакот колку што можете. Задржете го здивот 3-4 секунди. Издишете и опуштете ги стомачните мускули. Повторете 10 пати. Чувството на глад ќе исчезне веднаш или после неколку минути.

кинеска вежба

За да внесувате помала количина храна за еден оброк, правете ја оваа вежба 10-15 минути пред оброк. На тој начин чувството на ситост се јавува многу побрзо од обично. Најважно, правете ја оваа вежба со дишење веднаш штом вашата рака потегне кон нешто во фрижидерот.

Во што се состои суштината на оваа вежба:

За време на изведувањето на вежбата, абдоминалните (стомачните) мускули „преместуваат“ дел од желудечниот сок и чувството на глад исчезнува. Со текот на времето, желбата „само нешто да грицнам“ – исчезнува и започнувате да чувствувате глад само тогаш кога на организмот вистински му е потребна храна.

Штом почувствувате желба да изедете нешто, значи дека во желудникот се појавила мала количина желудечен сок. Испијте чаша топла вода и направете вежба за дишење 5-10 пати.

кинеска вежба

Користете ја оваа техника за да спречите прејадување во вечерните часови.