Познато ви е дека појадокот е задолжителен и здрав начин за започнување на денот.

Меѓутоа, погрешните намирници кои се консумираат во појадокот може да му наштетат на здравјето. Затоа, прочитајте кои намирници треба да ги одбегнувате на празен желудник.

1.АГРУМИ

Лимон, цитрон, портокали, мандарини…итн – се генијални „добавувачи“ на витамин Ц. Сепак, не се препорачува нивно консумирање рано наутро, бидејќи нивната киселина може да ја „нагризе“ слузокожата и да предизвика болки.

2.ДОМАТИ

Доматите се полни со витамини и антиоксиданси, но доколку ги јадете рано за појадок, во комбинација со желудочната киселина може да предизвика ждригавица и вишок на киселини пропратени со болка во стомакот.

3.ТЕСТО СО КВАСЕЦ

Квасецот кој се користи рано наутро може да направи иритација на желудникот проследена со подуеност и дигестивни пречки. Затоа е најдобро наутро да ги одбегнувате производите кои содржат квасец – особено лиснатите теста.

4.КРАСТАВИЦИ

Генерално се препорачува одбегнување на сиров зеленчук како прв оброк. Ако консумирате краставици рано наутро, голема е веројатноста дека цел ден ќе патите од ждригавица и подуеност.

5.ЈОГУРТ

Јогуртот е богат со млечни бактерии кои се добри за цревната флора. Ако пиете јогурт на празен желудник, тоа ќе предизвика дисбаланс во желудочната средина.