Копривата е најдобар прочистувач на крвта и најдобра лековита билка за подобрување на крвта. Има позитивно влијание врз панкреасот и го намалува шеќерот во крвта. Оваа билка исто така лекува болести и воспаленија на уринарниот тракт, како и задржување на урината.
Оваа билка претставува одличен диуретик, средство кое спречува анемија. Особено се препорачува нејзино консумирање напролет.
Листот на копривата е извор на витамините А, Б, Д, Е и К, минерали: калциум, манган, железо, калиум, цинк, магнезиум и бакар, како и ензими, хлорофил.
Потребни состојки:
1 кг лист од коприва
2 лимони
2 јаболка
500 г мед или нерафиниран шеќер
желатин или пектин
Постапка:
Измешајте ги копривите и јаболката. Состојките заедно со два лимона ставете ги во блендер и миксајте додека да добиете хомогена смеса. Од миксањето ќе се загрее смесата во блендерот.
Потоа додадете го медот и желатинот, во зависност од тежината и упатството кое е наведено на амбалажата.
Додека мешавината е топла (ако не е, може да ја ставите кратко на пареа и да ја загреете) складирајте ја во топли и стерилни тегли. Секој ден консумирајте по две лажици пред оброк.
Копривата е најдобриот начин да ја прочистите крвта и да ја подобрите крвната слика. Има позитивен ефект на панкреасот и помага за намалување на шеќерот во крвта.
Исто така со оваа смеса може да се третираат некои инфекции на уринарниот тракт и да се стимулира цревната флора.
Копривата исто така се користи за лекување на црниот дроб и жолчната кеса, кога постои пореметување на сонот и долги несоници, се користи за лекување на тумор на црн дроб, стомачни грчеви, чиреви, белодробни болести итн.
Исто така, смесата е многу корисна кај вирусни и бактериски инфекции.
Доколку немате доволно железо во крвта и постојано се чувствувате уморно, копривата е точно она што ви е потребно! Копривата содржи доста железо и успешно ја третира анемијата.
Откако ќе започнете да ја користите оваа смеса вие ќе пукате од здравје и енергија!