Брза баклава со вишни без шербет

Одлична, освежителна, особено кога е изладена. Рецептот е одличен!

Потребни состојки:

500 г готови кори

5 јајца

1 шолја од 250 мл шеќер

1 шолја јогурт/кисело млеко/кисела павлака

1 шолја масло

3 лажици полни гриз

2 ванилин шеќер

1 кг вишни без семки, може и повеќе

1 прашок за печиво

Постапка:

Јајцата се матат со шеќерот додека да се растопи, па потоа се додава киселата павлака, маслото, гризот и прашокот за печиво.

Тепсија со величина 38х22 см намастете ја со масло и ставете две кори на дното.

Наредете ги вишните што погусто, прелијте ги со малку од смесата.

Повторно ставете две кори и продолжете со постапката додека да ви се потроши материјалот. Корите редете ги малку гужвани, а последните две кори кои се ставаат одозгора нека бидат рамни. Оставете си и малку од смесата за да ги прелиете корите одозгора.

Наросете малку масло, избоцкајте внимателно со вилјушка и ставете да се пече на 160-170 степени околу 40 минути.

После 15-20 минути од печењето прелијте со остатокот од смесата и ставете да да се допече до крај.

Претходна статијаБаклава со вишни и шербет
Следна статијаЧудотворна смеса од мед и коприва: само 2 лажици дневно! Лекува анемија, мигрена, жолчка, црн дроб, инсомнија…