Home шербетни колачи Најлесниот рецепт од лиснато тесто, брзо се прави, а уште побрзо се...

Најлесниот рецепт од лиснато тесто, брзо се прави, а уште побрзо се јаде…

🥮 Најлесната баклава од лиснато тесто: Две брзи верзии што исчезнуваат од чинијата

Баклавата е еден од оние десерти што носат чувство на топлина, традиција и домашна трпеза. Иако класичната верзија бара време, искуство и трпение, современиот начин на живот нè насочува кон попрактични решенија – без да се жртвува вкусот.

Во овој текст ви претставуваме две проверени и исклучително лесни верзии на баклава од лиснато тесто.

Едната е со мед и путер, со побогат, „празничен“ карактер, а другата со кондензирано млеко и сируп, која потсетува на класичната баклава, но се подготвува значително побрзо.

И двете верзии се идеални за брз домашен десерт, за гости, семејни собири, па дури и за слава, кога времето е ограничено, а впечатокот – важен, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

⭐ ВЕРЗИЈА 1: Брза баклава од лиснато тесто со мед и ореви (ролати)

Основни информации
• Време на подготовка: 10 минути
• Време на печење: 27–30 минути
• Вкупно време: околу 40 минути

Потребни состојки

За тесто:
• 1 лист лиснато тесто

За фил:
• 150 г ситно сечкани ореви
• 50 г крупно сечкани ореви
• 60 г мед
• 30 г растопен путер
• ¼ лажичка рум или арома од рум

За премачкување и декорација:
• 1 жолчка
• мед, по вкус
• малку крупно сечкани ореви

Начин на подготовка

Во длабока чинија измешајте ги ситно сечканите ореви, медот, растопениот путер и румот, додека да добиете компактна, ароматична смеса. Крупно сечканите ореви оставете ги настрана – ќе се користат подоцна.

Лиснатото тесто исечете го на три подолги ленти. На едниот крај од секоја лента распоредете еднаква количина од филот, посипете со малку од крупно сечканите ореви и свиткајте во цврст ролат.

Ролатите наредете ги во плех обложен со хартија за печење, премачкајте ги со жолчка и печете во загреана рерна на 180 °C, околу 27–30 минути, додека не добијат убава златна боја.

Веднаш по вадењето од рерна, прелијте ги со малку мед и посипете со преостанатите ореви. Оставете кратко да се изладат и сервирајте.

⭐ ВЕРЗИЈА 2: Баклава во лиснато тесто со кондензирано млеко и сируп

Потребни состојки

За фил:
• 300 г мелени ореви
• 200 мл кондензирано млеко

За тесто:
• 3–4 листа лиснато тесто
• масло, по потреба

За сируп:
• 300 г шеќер
• 1 кесичка ванилин шеќер
• 500 мл вода
• неколку тркалца лимон

Начин на подготовка

Во чинија соединете ги мелените ореви и кондензираното млеко. Промешајте додека да добиете ронлива смеса со конзистенција на влажен песок.

Земете еден лист лиснато тесто и на двата спротивни краја рамномерно распоредете фил. Свиткајте два ролати кон средината, па пресечете за да ги разделите.

Така, од еден лист добивате два ролати. Повторете ја постапката со останатите листови.

Исечете ги ролатите на парчиња по желба и наредете ги во намастен плех. Одозгора премачкајте ги со малку масло и печете 20 минути на 180 °C, додека да заруменат.

За сирупот, во тенџере ставете вода, шеќер, ванилин шеќер и парчиња лимон, па варете околу 15 минути. Печената баклава оставете 5 минути да подизлади, па прелијте ја со топол сируп. Оставете целосно да го впие. Видео прилог – ОВДЕ: