Ова е чудотворна билка која содржи позитивни компоненти кои се неопходни за здрав живот. Оваа билка е позната под различни имиња: огрозд, бела рибизла, Цариградско грозје…

Тоа е многу здрава билка и треба почесто да се консумира. Најмногу содржи витамин А, витамин Ц, манган, калиум, пантотенска киселина, тиамин, пиридоксин, бакар, калциум, фосфор и магнезиум. Нема многу калории па можете да ја јадете повеќе без грижа на совест, а особено жените.

Во 100 г бобинки се содржат само 44 калории и 25% од дневната препорачана доза диетални влакна, што е идеална храна за слабеење.

Во 16 век го користеле за лекување на грип и колера бидејќи има брзо лековито дејство и големо количество на витамин Ц.

Содржи исто така и доста калиум, минерал кој овозможува правилна работа на срцето, штити од висок крвен притисок и помага за нормална функција на нервниот и мускулен систем.

Овие бобинки содржат биофлавоноиди и имаат силни антиоксидативни својства. Штитат од рак и предвремено стареење, помагаат при разни воспаленија и болести на нервите.

Благодарение на неговите лековити својства може да се користи како тоник за проблематична кожа со акни и темни дамки.

Ако имате проблем со тенка и безживотна коса, огроздот може да ви помогне. Натопете суви бобинки во вода, па добиената течност можете да ја користите за перење на косата.

Ова средство на косата и дава волумен и помага при разни болести со скалпот. Се верува дека огроздот спречува губиток на коса, па за таа цел можете да направите паста од варени бобинки која ќе ја нанесувате на скалпот неколку пати седмично.

Консумирањето на огроздот со мед може да го подобри видот и да помогне кај катаракта. За ова е заслужен витаминот А кој е доста застапен кај овие бобинки.

Дневното консумирање на огрозд штити од стрес, ефикасно го чисти организмот, совршено го јакне и го подига имунитетот.

Коренот на огроздот исто така се користел уште одамна како лековито средство. Го засилува излачувањето на урината и се користи кај сите водени болести. Добар е за лекување катар на желудник и црева, како и при висока температура.

ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА НА ОГРОЗДОТ

-го јакне имунитетот

-ја подобрува работата на желудникот, бубрезите и црниот дроб

-елиминира песок во мочен меур

-го подобрува памтењето и концентрацијата

-помага кај проблематична кожа

-спречува опаѓање на коса

-елиминира тешки метали од организмот

-подмладува и дава виталност

-го подобрува видот

-штити од карцином

-природен антиоксиданс

-го штити срцето и крвните садови

Не се консумираат само недозреаните плодови бидејќи може да предизвикаат желудочни проблеми.

БИСТАР СОК ОД ОГРОЗД

1 кг зрели плодови се мијат добро па потоа се цедат во блендер.

Добиениот сок излејте го во темни шишиња и добро затворете ги.

Ако сакате сокот подолго да ви трае, додадете 1-2 каранфилчиња и сок од еден лимон. По желба можете да додадете мед.

Пијте по 100-300 мл сок на ден.