Колач без вагање и мерење: јогуртен колач со малини

Потребни состојки:

loading...

4 јајца

1,5 шолја брашно

1 шолја шеќер

loading...

1 ванилин шеќер

1 шолја јогурт

½ шолја масло

½ прашок за печиво

1 лимон- рендана кора

350 г малини

Постапка:

Како мерка користете една јогуртна чаша.

Белките измиксајте ги во цврст снег, а жолчките добро измиксајте ги со шеќерот, па додадете масло, јогурт и лимонова кора.

Продолжете да ја миксате смесата на најмала брзина, па постепено додавајте брашно во кое сте додале прашок за печиво.

На крај со лажица внимателно додадете го снегот од болки, промешајте со превртување, внимавајќи смесата да остане воздушеста.

Приготвената смеса излејте ја во намастен и набрашнет плех или калап за печење 20х30 см, па рамномерно распоредете ги малините.

Колачот печете го 20-25 минути на температура од 180-200 степени. Колачот изладете го на собна температура, наросете малку шеќер во прав и послужете се.

Наместо малини можете да користете и некои друго овошје како јагоди, капини, цреши или кајсии. Ако немате никакво овошје може да ставите и парчиња од вашиот омилен цем, само е важно цемот да биде густ.

loading...