Home Нутриционизам Секој ден се будам во 3 часот наутро…Што значи тоа?

Секој ден се будам во 3 часот наутро…Што значи тоа?

Зошто се будиш секоја вечер околу 3 часот по полноќ?

Доколку речиси секоја ноќ се будиш околу 3:00 часот, со забрзани мисли и неможност повторно да заспиеш, многу е можно причината да е чисто физиолошка.

Според истражувањата за спиење, кај голем дел од луѓето во овој период од ноќта се трошат резервите на гликоген во црниот дроб.

Црниот дроб има важна улога за време на спиењето – тој го одржува стабилното ниво на шеќер во крвта. Кога резервите ќе се испразнат, телото добива „аларм“ дека му недостасува енергија.

Како одговор, се лачат хормони на стрес – кортизол и адреналин, чија природна цел е да те разбудат за да „пронајдеш храна“. Иако реално не гладуваш, телото реагира како да е во состојба на недостаток.

Овие хормони, наместо да ти помогнат, обично предизвикуваат немир, забрзани мисли и тешкотија повторно да заспиеш.

Што може да помогне

Истражувањата покажуваат дека кај лица кои се будат во истиот временски интервал, многу ефикасно решение е мал протеинско-масен оброк пред спиење.

На пример:
една лажица бадемов путер пред легнување.

Комбинацијата на масти и протеини обезбедува бавно ослободување на енергија низ целата ноќ и го одржува црниот дроб стабилен, што спречува ноќни будeња.

Важно е оброкот да не содржи јаглехидрати, бидејќи тие предизвикуваат нагло покачување на шеќерот, а потоа брз пад, што може дополнително да ја влоши состојбата.

Влијанието на алкохолот

Алкохолот е уште една честa причина за будење околу 3 часот. Кога пиеме, црниот дроб има приоритет да го преработи алкохолот и привремено „заборава“ да го одржува нивото на глукоза.

До околу 3:00 часот, алкохолот е веќе обработен, но гликогенот е исцрпен – резултатот е ненадејно будење со често чувство на анксиозност.