Home пита Славата не може да помине да помине без оваа погача, а се...

Славата не може да помине да помине без оваа погача, а се подготвува за миг!

Нема прослава без оваа погача, а се подготвува за миг!

На стар традиционален, едноставен и домашен начин – погача од детството што освојува! Толку мека, воздушна и мирисна, токму како што ја правеле нашите баби.

Од неколку основни состојки ќе добиете прекрасна, вкусна погача на која никој не може да ѝ одолее.

Подгответе ја според овој рецепт и израдувајте го вашето семејство – гарантирам дека ќе исчезне побрзо отколку што мислите, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

За тестото:
500-550 g брашно
200 ml топло млеко
8 g сув квасец или 35 g свеж квасец
1 кафена лажичка шеќер
1 кафена лажичка сол
100 ml млака вода
2 белки
30 ml масло

За премачкување на тестото:
30 ml масло
50 g растопен путер
100 g фета сирење
НМД

За премачкување на погачата:
2 жолчки
1 лажичка јогурт

Печење: 180°C, 30 минути

ПОСТАПКА

1. Во сад со 200 ml топло млеко и 100 ml млака вода додајте 8 g сув квасец (или 35 g свеж), 1 кафена лажичка шеќер и малку брашно. Оставете 2-3 минути да се активира квасецот.

2. Во активираниот квасец додајте 30 ml масло и 2 белки (жолчките зачувајте за подоцна).

3. Постепено додавајте 500 g брашно и 1 полна кафена лажичка сол. Месете додека тестото стане компактно. Доколку е потребно, додајте уште 50 g брашно. Тоа треба да остане меко.

4. Покријте го со фолија и крпа и оставете 20 минути да нарасне.

5. Стасаното тесто поделете на два дела. Секој дел развлечете во тенок лист.

6. Еден лист тргнете на страна, а другиот премачкајте со мешавина од 50 g растопен путер и 30 ml масло. Посипете половина од 100 g изронето фета сирење.

7. Преклопете ја левата страна до половина, спојте ги рабовите, па преклопете го и десниот дел. Лесно премачкајте и повторно преклопете на половина, да добиете коцка.

8. Здипленото тесто како книга, поставете го врз втората кора која исто така сте ја премачкале и посипале со сирење..

9. Повторете го диплењето од едната и другата страна и преклопете во форма на коцка. Притиснете малку со дланките.

10. Поставете го во плех обложен со хартија, посипете малку брашно, покријте со фолија и оставете 15 минути да одмори.

11. Растегнете го тестото нежно притискајќи со дланките во правоаголен плех со димензии 43 × 27 cm. Исечете на коцки.

12. Премачкајте со преостанатата мешавина од путер и масло. Оставете 20 минути да нарасне.

13. Изматете 2 жолчки со 1 лажичка јогурт и премачкајте ја целата погача.

14. Печете во загреана рерна на 180°C 25-30 минути, додека да добие златна боја.

15. Послужете топла – ќе биде лисната, полна со сирење, мека како сунѓер и неверојатно вкусна. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: