Баклава колач без кори – посочен од вистинската
Овој алжирски специјалитет ја спојува суштината на баклавата во компактна, нежна форма: арома на мед, крцкави ореви и неверојатна мекост, а без ниту една кора.
Едноставен за подготовка, овој колач се топи во уста и носи допир на ориентална бајка, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
За тестото
400 g крупен гриз
100 g меко брашно
половина кесичка прашок за печиво
1 лажичка шеќер (по можност кафеав)
прстофат сол
коричка од еден лимон или портокал
150 ml масло (половина сончогледово масло, половина стопен путер или маст)
110 ml млака вода (по потреба уште 1–2 лажици)
НМД
За филот
200 g мелени ореви
2 лажици шеќер
1 лажичка цимет
2–3 лажици млеко или вода (колку за да се врзе смесата)
по желба 1 лажица мед
НМД
За сирупот
150 g домашен мед
50 ml вода
1 лажичка сок од лимон или портокал

Постапка
1. Во поголем сад ги ставаме сувите состојки за тестото: гризот, брашното, прашокот за печиво, шеќерот, солта и кората од лимон.
Ги промешуваме, па додаваме стопена маст и масло. Со прстите темелно ги втриваме маснотиите во сувата смеса додека гризот целосно ја впие маснотијата – овој чекор е клучен за мекоста на колачот.
2. Постепено додаваме млака вода и месиме додека се добие меко, но не лепливо тесто кое не се лепи за рацете. Го покриваме и оставаме да одмори 20 минути.
3. За филот мешаме: мелени ореви, шеќер и цимет. Додаваме млеко (или вода) колку за да се добие влажна, но цврста смеса. По желба ставаме и мед.
4. Тестото го делиме на два еднакви дела. Еден дел го развлекуваме со раце директно во тава со димензии 20 × 30 cm. Врз него рамномерно го распоредуваме филот.
5. Вториот дел од тестото го развлекуваме меѓу два листа хартија за печење до големина на тавата. Внимателно го пренесуваме врз филот, ги притискаме рабовите и отстрануваме вишок тесто.
6. Со остар нож го сечеме колачот на квадратчиња или ромбови. По желба површината ја украсуваме со плитки засеци во форма на мрежа.
7. Печеме во загреана рерна на 180 °C околу 35 минути, додека благо да порумени, но без да потемни.
8. За сирупот ги ставаме медот, водата и сокот од лимон во сад на тивок оган. Го загреваме само колку да се растопи и соедини, без да проврие.
9. Веднаш штом колачот ќе излезе од рерна, топлиот сируп рамномерно го прелеваме врз него. Го покриваме со крпа и оставаме да отстои најмалку 3–4 часа, а најдобро преку ноќ – така ќе ја впие целата влага и ќе стане извонредно сочен.
10. Најубав е следниот ден, кога секое парче е меко, мириса на мед и ореви, идеално за уживање со чаша чај или кафе. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:












