Пет ролати од една облонда – пет различни вкусови
Овие брзи ролати се вистинска експлозија на вкусови: од нежни желе-бомбони и крем-банани, преку Орео и медени срца, па сѐ до кокос и рендано чоколадо.
Со едно пакување обланда и неколку едноставни филови се добиваат пет различити десерти кои се подготвуваат за миг, а исчезнуваат уште побрзо, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки ВКУПНО ЗА СИТЕ 5 РОЛАТИ
5 листови голема обланда
500 г шеќер
500 г маргарин
5 вреќички ванилин шеќер
780 г мелен кекс
160 г мелени ореви
50 г кокосово брашно
200 г желе-бомбони
100 г Орео-кекс
4 крем-банани
150 г медени срца
200 г чоколадо за готвење
НМД

Постапка
Прв ролат – со желе-бомбони
1 лист голема обланда
100 мл млеко
100 г шеќер
100 г маргарин
1 вреќичка ванилин шеќер
100 г мелен кекс
100 г мелени ореви
200 г желе-бомбони
НМД
Крпа натопете во вода, исцедете ја и завиткајте еден лист обланда за да омекне. Во сад ставете да се вари 100 мл млеко, 100 г шеќер, 100 г маргарин и 1 вреќичка ванилин шеќер.
Мешајте додека маргаринот се растопи. Кога ќе проврие, тргнете од шпорегот и додајте 100 г мелени ореви и 100 г мелен кекс. Промешајте.
Омекнатиот лист обланда премачкајте го со топлиот фил, рамномерно распоредете го и наредете 200 г желе-бомбони. Со помош на крпата свиткајте ролат, внимавајќи да не останат празнини. Ставете го во фрижидер да се излади и стврдне.
Втор ролат – со крем-банани
1 лист голема обланда
100 мл млеко
100 г шеќер
100 г маргарин
1 вреќичка ванилин шеќер
200 г мелен кекс
100 г чоколадо за готвење
4 крем-банани
НМД
Повторете го омекнувањето на вториот лист обланда. Ставете да се вари 100 мл млеко, 100 г шеќер, 100 г маргарин, 1 вреќичка ванилин шеќер и 100 г чоколадо за готвење.
Мешајте додека сè се растопи. Кога ќе проврие, тргнете од шпорет и додајте 200 г мелен кекс. Промешајте.
Премачкајте го листот со топлиот фил, рамномерно распоредете и наредете 4 крем-банани. Свиткајте ролат без празнини и ставете го во фрижидер да се стврдне.
Трет ролат – со Орео
1 лист голема обланда
100 мл млеко
100 г шеќер
100 г маргарин
1 вреќичка ванилин шеќер
200 г мелен кекс
100 г Орео-кекс
НМД
Омекнете го третиот лист обланда. Ставете да се вари 100 мл млеко, 100 г шеќер, 100 г маргарин и 1 вреќичка ванилин шеќер.
Кога ќе проврие, тргнете од шпоретот и додадете 200 г мелен кекс. Промешајте.
100 г Орео-кекс изронете со раце и додајте во филот. Премачкајте го листот, рамномерно распоредете и свиткајте ролат без празнини. Оладете во фрижидер.
Четврт ролат – со медени срца
1 лист голема обланда
100 мл млеко
100 г шеќер
100 г маргарин
1 вреќичка ванилин шеќер
200 г мелен кекс
150 г медени срца
НМД
Омекнете го четвртиот лист обланда. Ставете да се вари 100 мл млеко, 100 г шеќер, 100 г маргарин и 1 вреќичка ванилин шеќер.
Кога ќе проврие, тргнете од шпоретот и додајте 200 г мелен кекс. Промешајте.
150 г медени срца изронете со раце и додајте во филот. Премачкајте го листот, рамномерно распоредете и свиткајте ролат без празнини. Оладете во фрижидер.
Петти ролат – со кокос и рендано чоколадо
1 лист голема обланда
100 мл млеко
100 г шеќер
100 г маргарин
1 вреќичка ванилин шеќер
80 г мелен кекс
60 г мелени ореви
50 г кокосово брашно
100 г рендано темно чоколадо
НМД
Омекнете го последниот лист обланда. Ставете да се вари 100 мл млеко, 100 г шеќер, 100 г маргарин и 1 вреќичка ванилин шеќер.
Кога ќе проврие, тргнете од шпоретот и додајте 60 г мелени ореви, 50 г кокосово брашно и 80 г мелен кекс. Промешајте.
Премачкајте го листот со филот, рамномерно распоредете и посипете 100 г рендано темно чоколадо. Притиснете со рака, свиткајте ролат без празнини и ставете го во фрижидер да се стврдне.
Кога сите ролати ќе се изладат, исечете ги на парчиња и послужете. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:












