Колачиња со павлака за 5 минути – едноставни и вкусни
Овие меки колачиња со павлака се подготвуваат брзо, а резултатот е нежен вкус на ванила и брусница или суво грозје.
Идеални за неочекувани гости или за брза домашна слатка ужина, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
1 јајце
80 г шеќер
1 лажичка ванилин шеќер
1/4 лажичка сол
100 г кисела павлака
100 г путер
330 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
100 г суви=а брусница или суво грозје
НМД

Постапка:
Во подлабок сад со жица маталка изматете го јајцето со шеќерот, ванилиниот шеќер и солта.
Додајте ја павлаката и претходно растопениот путер, па матете додека да се добие мазна смеса. Потоа внесете го брашното заедно со прашокот за печиво и замесете меко тесто.
На крај додајте ја брусницата или сувото грозје и повторно замесете за рамномерно да се распоредат.
Развлечете го тестото на дебелина од 1 до 1,5 cm. Со модли вадете форми по ваша желба и редете ги во плех обложен со хартија за печење.
Печете во загреана рерна на 180 °C околу 15 минути, додека колачињата благо поруменат.
Откако малку ќе се изладат, посипете ги со шеќер во прав. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:
https://youtu.be/4cVbrWUI3V4?si=GbVlUyQPyguik79C












