Наједноставни РУСКИ КАПИ без печење…Ги правам за 5 минути и имаат фантастичен вкус! Еве што ви е потребно за овие вкусни колачи кои се топат во уста:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 г кондензирано млеко
4 лажици какао
80 г растопен путер
350 г мелени бисквити
се премачкуваат со нутела и се посипуваат со кокос
Ако немате купчеко кондензирано млеко, можете да направите брзи и вкусно домашно, според рецептот кој можете да го прочитате ОВДЕ:
Кондензирано млеко кое се приготвува за 5 минути, а по вкус потсетува на белиот еурокрем
ПОСТАПКА:
Во конденизраното млеко додајте просеано какао, па промешајте да се изедначи. Додајте и путер, а на крај мелени бисквити и замесете со рака за да добиете фино, компактно тесто кое лесно се обликува со раце.
Тестото поделете го на 2 дела, а секој обликувајте го во валјак. Сечете еднакви парчиња, валајте ги во кокос и одозгора премачкјате ги со нутела.
Деталите за подготовката погледнете ги во видеото ОВДЕ: