Од 2 состојки правам многу вкусно предјадење…Гостите секогаш се воодушевени…Многу евтино и едноставно јадење за кое ви се потребни варени компири. Постапката исто така, е брза и лесна. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 големи компири
1 лажичка сол
100-120 г скроб/нишесте/густин
малку масло
ПОСТАПКА:
Компирите сварете ги и испасирајте ги. Посолете ги и додајте скроб онолку колку што е потребно за да добиете фино, меко тесто кое лесно може да се обликува.
Направете топчиња и втиснувајте ги врз намастен калап (цедалка за лимон), а потоа пржете ги во умерено загреано масло. Овие корпички можете да ги полните со намаз или салата по ваш избор. Постапката погледнете ја ОВДЕ: