Колачиња кои се замесуваат за 10 минути, а потоа ви останува само да ги испечете и да ги споите „по 3“…Овој рецепт ќе го правите секој ден…Без путер, а многу вкусни колачиња…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца
90 г шеќер во прав
1 прстофат сол
8 г ванилин шеќер
90 г масло
5 г прашок за печиво
350 г брашно
10 г какао + лажичка масло

Се печат на 180 степени, 20 минути.
За фил: чоколаден крем или џем
За валање/посипување: кокосово брашно

ПОСТАПКА:

Со жица иматете ги јајцата заедно со шеќер, ванила и прстофат сол. Додајте масло и соединете. На крај додајте брашно, прашок за печиво, па замесете компатно тесто кое не се лепи и лесно се обликува.

Поделете го на 3 дела, а во едниот додајте какао во прав и 1 лажичка масло, па домесете го за целото да се обои кафеаво.

Од белото тесто развлечете кора со дебелина од 5 мм, врз кеса или фолија, па со модла вадете кругови и редете ги во плех обложен со хартија за печење. Постапката повторете ја и со кафеавото тесто.

Печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, 20 минути. Оставете да се оладат, па соединувајте ги по 3: горе и долу бели, а во средината црно колаче.

Лепете ги со растопено чоколадо/крем/џем, целите премачкјате ги со растопен светол џем или растворен мед, а потоа валајте ги во кокос. Постапката погледнете ја ОВДЕ.