Кога и да ги направам овие КОЛАЧИ СО 1 ЈАЈЦЕ веднаш се изедуваат и за 10 минути нема ни трошка…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За тесто:
280 г брашно
1/2 лажичка прашок за печиво
1 прстофат сол
1 прстофат ванилин шеќер
80 г путер
200 г цврст јогурт или к.павлака
1 жолчка
За фил:
100 г мелени ореви, претходно истостирани
1 белка
1 прстофат сол
40 г шеќер
1 ванилин шеќер
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад помешајте го брашното со прашок за печиво, сол и ванила, па додајте путер и соединете во вид на трошки. Потоа додајте павлака и жолчка, па замесете тесто. Оставете го завиткано во кеса во фрижидер.
Пенасто изматете ја белката со прстофат сол, шеќер и ванила, па додајте ги мелените ореви.
Тестото поделете го на 4 дела, а секој дел развлечете го во кора. Сечете триаголници, филувајте и виткајте ги како сармички. Печете ги во загреана рерна на 180°C (350°F) 25 минути. Добро посипете ги со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/cZ8cPqomrcs?si=DGWJTlueAtC8NoVg