КРЦКАВИ КОЛАЧИ КОИ СЕ ТОПАТ ВО УСТА: Дур го испиеме кафето, полна чинија јадеме…Овој рецепт едноставно не се пропушта.

Можете на едноставен начин да ги декорирате како школка, но слободно прескокнете го овој чекор ако виу се брза…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

125 г путер или маргарин
1 чаша (од 200 мл) шеќер во прав
1 јајце
60 мл масло
1 лажиче ванила
1 кесичка прашок за печиво
3,5 чаши брашно (ако е премногу течно, додајте уште половина чаша)

За декорација:
80-100 г чоколадо

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад измешајте јајце, масло и шеќер во прав. Потоа додајте го путерот претходно исечкан на коцки и омекнат на собна температура.

Сипете го брашното, ванилиниот шеќер и прашокот за печиво. Замесете со рака додека да добиете фино, мазно и меко тесто кое не се лепи за рака.

Веднаш обликувајте ги колачињата во топчиња и сплескувајте ги помеѓу дланките.

Со чаша направете ги линиите, така да изгледа на школка.

Редете ги во плех обложен со хартија за печење.

Ставете ги во загреана рерна на 180 степени и печете ги 20 минути или колку малку да порумант, но внимавајте да не ги препечете. Дното треба да е заруменето, а одозгора да останат светли.

Растопете го чоколадото на пареа или во микробранова печка, па секое потопувајте го до половина од горната страна и оставете да се олади и стврдне.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.