Home Здравје Во кои ситуации ракот може да се излечи, а во кои не?...

Во кои ситуации ракот може да се излечи, а во кои не? Д-р Жегарац откри со кои видови на рак луѓето можат долго да живеат

Во кои ситуации ракот може да се излечи, а во кои не? Д-р Жегарац откри со кои видови на рак луѓето можат долго да живеат…

Кај нас годишно заболуваат околу 40.000 луѓе, а половина ја губат битката со оваа болест. Се зголемува бројот на пациенти, а се зголемува ли и стапката на излекување?

Доктор Милан Жегарац, директор на Институтот за онкологија и радиологија, во гостувањето на ТВ Прва, истакна дека стапката на излекување се зголемува. Но, се поставува прашањето во кои ситуации ракот може да се излечи, а во кои не?

„Доколку пациентите се откријат во почетната фаза на болеста, во 90% од случаите ракот е излечив. Секогаш апелираме на скрининг со чија помош го откриваме ракот во почетната фаза.

Многу е потешко и помалку успешно ако пациентите се јават доцна на преглед“, објасни д-р Жегарац и откри со кои видови на рак луѓето можат долго да живеат.

„Тоа се рак на дојка и рак на простата. Можеме да ги преведеме во хронична фаза. Како пример имаме пациенти кои живеат 10,15 години со метастатски карцином на дојка“, посочи докторот.

<

Водечките локализации на ракот во заболување и умирање во светот се ракот на белите дробови, ракот на дојката и ракот на дебелото црево.

Заедно, овие три типа на рак претставуваат една третина од сите нови случаи и смртни случаи од рак во светот.

Ракот на белите дробови е најчесто дијагностициран рак кај мажите, со 14,3% од сите нови случаи на рак и 21,5% од сите смртни случаи од рак кај мажите.

Ракот на дојката е најчесто дијагностициран малигнен тумор кај жените (сочинуваат 24,5% од сите новодијагностицирани случаи на рак) и водечка причина за смрт од рак кај жените (15,5%).

Исто така, помеѓу 30 и 50 проценти од карциномот може да се спречат со примена на превентивни мерки и елиминирање на факторите на ризик. Товарот на ракот може да се намали со рана дијагноза, навремено лекување и соодветна грижа на пациентите со малигни тумори.