Богата торта со желе бонбони „РУСКА САЛАТА“…Домаќинките го чуваа рецептот во тајност…Ова е една од познатите торти кои порано често се приготвуваше, а до рецептот тешко се стигнуваше..
Ако ги сакате тортите кои се приготвуваат од состојки кои речиси секогаш ги имате в кујна, тогаш повелете и запишете го овој, за тортата која нашите баби ја приготвуваа за свечени пригоди. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
10 јајца
380 г шеќер (може да намалите, по вкус)
250 г ореви
6 лажици меко брашно
6 лажици остро брашно
1 кесичка ванилин шеќер
1 литар млеко
250 г маргарин/путер
4 лажици шеќер во прав
150 г желе бонбони
150 г суво грозје (може и ситно сечкани лешници)
шлаг
200 мл слатка павлака
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад одвојте 10 белки, во друг сад 8 жолчки за крем и во помал сад 2 жолчки кои подоцна ќе се додадат во белките.
Белките пенасто изматетете ги со постепено додавање на 180 г шеќер. Кога ќе добиете цврст снег кој не паѓа од садот кога ќе го превртите, додајте ги двете жолчки и повторно изматете за да се соединат.
Во оваа смеса додајте 6 лажици меко брашно и 100 г мелени ореви, па промешајте со лажица или шпатула за да остане пенлива. Смесата одокативно поделете ја на три дела за да испечете три кори.
Плех со димензии 20х30 см малку намастете го и обложете го со хартија за печење, па во него распоредете една третина од смесата. Израмнете и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени 15 минути.
На ист начин испечете уште 2 кори.
За фил: 8 жолчки пенасто изматете со 200 г шеќер. матете додека шеќерот да се растопи, а жолчките да го зголемат волуменот и да добиете кремаста смеса.
Додајте 1 кесичка ванилин шеќер, 6 лажици остро брашно и малку млеко одвоено од 1 литар. Остатокот од млекото ставете го на оган да се вари.
Потоа намалете ја температурата, додајте ја смесата со разматените жолчки и варете со непрекинато мешање додека да згусне. Оставете да се олади до собна температура со повремено промешување за да не фати коричка или прекриено со проѕирна фолија.
Исечкајте 150 г желе бонбони и 150 г ореви. Во посебен сад изматете 200 мл слатка павлака во шлаг. Во друг посебен сад пенасто изматете го омекнатиот путер со шеќер во прав.
Оладениот фил пенасто изматете го со миксер и постепено соединатете го со изматениот маргарин. Во готовиот фил додајте ја изматената слатка павлака. Изматете со миксер додека да добиете фин, мазен крем.
Одвојте една третина во посебен сад.
Во остатокот додајте ореви, желе бонбони и суво грозје. Промешајте за да се изедначи.
ФИЛУВАЊЕ: прва кора – 1/2 фил, втора кора – 2/2 фил, трета кора – жолт фил (што го тргнавте настрана). Декорирајте со изматен шлаг. Тортата изладете ја најмалку 4 часа во фрижидер или најдобро преку цела ноќ. Постапката погледнете ја ОВДЕ.