Киселата зелка е намирница која е задолжителна на нашите трпези во текот на зимската сезона, а ако се прејадеме може да ни „падне тешко“ на стомакот. Повторно, според објаснување на докторот, станува збор за начинот на кој ја консумираме.
Киселата зелка и расолницата се моќни антиоксиданси и полни со витамин Ц, најважната хранлива материја за зајакнување на имунитетот, што е особено важно во зима.
Меѓутоа, оваа суперхрана и нејзиниот сок може да предизвикаат и дигестивни проблеми, надуеност и гасови…
Причината е затоа што ги консумираме на погрешен начин, објасни проф. д-р Дејан Чубрило, професор по физиологија на Медицинскиот факултет во Крагуевац и специјалист по спортска медицина.
„Оној кој има гасови ќе рече дека тоа му е од расолницата и зелката. Еве како исправно се пие расолница за да спречите појава на гасови:
Ставете една лажица расолница во чаша вода. Не треба да се пие концентрирана, бидејќи не само што ќепредизвика гасови, туку може да предизвика и многу посериозна патологија на цревата. Но, ако се пие разредена во вода, ќе ни обезбеди доволно бактерии“, вели професорот.
Тој смета дека најдобро е прво да се тестирате и да видите која количина предизвикува проблем во нашите црева. А еве како да го направите тоа…
„Започнете со мала количина и тоа во комбинација со вода, а потоа ако видите дека и натаму ви прави проблеми, не треба да ја користите. Станува збор за тест кој открива дека тенкото црево не функционира правилно, односно дека нема доволно ензими.
Ова се случува почесто во денешно време поради модерниот стил на живеење. Затоа, прво земете мала количина и опоравете ги цревата, па дури потоа можете да јадете нормални количини“, заклучил професерот.