Без масло, путер, јајца или брашно, сочен гриз колач со вкус на баклава, го правам секоја недела…Потребни ви се три главни состојки за овој стар арабиски колач. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со иста чаша):
2 чаши шеќер
2 чаши вода
4 чаши крупен гриз
3/4 лажичка сода бикарбона
2 кесички ванилин шеќер
1 прстофат сол
За сируп:
4 чаши шеќер
4 чаши вода
1 лажица сок од лимон
ПОСТАПКА:
Најпрво пригответе сируп. Измешајте по 2 чаши вода и шеќер, па ставете на оган да зоврие. Мешајте додека шеќерот целосно да се растопи, а потоа тргнете од оган. Одвојте настрана 2-3 лажици од сирупот.
Во подлабок сад измешајте го гризот со ванила, прстофат сол и малку сода бикарбона. Сипете го топлиот сируп и промешајте додека гризот целосно се натопи, а смесата се изедначи.
Со путер намастете калап со димензии 30х40 см на дното и страните, па сипете ја приготвената смеса, распоредете и израмнете. Покријте го со фолија и оставете на ладно да отстои 8 часа.
После 8 часа смесата ќе биде добро згусната. Исечете коцки и декорирајте со фстаци или други јатки по избор. Одозгора премачкјате го колачот со 2-3 лажици ладен сируп, ова ќе му даде златна боја на колачот.
Ставете да се пече на средно умерена температура (180-200 степени) додека да се испече и да добие златножолта боја. За тоа време пригответе го сирупот: од моментот на зовривање, намалете ја температурата на умерено и варете 15 минути.
Сирупот треба да има средна густина. Извадете го колачот од рерна и повторете ги засеците на коцките. Залијте го со топлиот сируп (топло со топло), покријте го и оставете го 4 часа додека да го впие. Презентацијата погледнете ја ОВДЕ.