КОЛАЧ ОД МОРКОВИ ЗА ДОБАР ВИД: Без брашно и малку јаглехидрати, здрав, нискокалоричен и многу вкусен! Овој колач е добар за сè: супер лесно се прави, не содржи брашно, не е премногу сладок и има изненадувачки мека текстура.

Вкупно на 100 грама колач:
калории – 271,99 kcal
протеини – 13,11 г
масти – 21,54 г
јаглехидрати – 9,79 г

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 г моркови
2 јајца
2-3 лажици сируп од урми/ агаве сируп/мед/малтекс или др.засладувач
1 лажичка сода бикарбона
200 г мелени бадеми
За крем:
150 г урда 150
25 г мек путер
1 лажичка јаворов сируп или агава 1 кафена лажичка.
За повеќе намалување на јаглехидратите, заменете го сирупот со друг засладувач.
Време на печење 40-45 минути на 160°C/256°F.

ПОСТАПКА:

Во блендер сомелете 200 г моркови со повремено промешување додека смесата да се претвори во каша.

Одделете ги јајцата на жолчки и белки. Во жолчките додајте сируп од урми (или јаворов…). За повеќе намалување на јаглехидратите, заменете го сирупот со друг засладувач. Во оваа фаза, можете да додадете една лажичка цимет.

Матете со миксер додека да се формира густа пена. Додајте мелени бадеми, а ако користите бадемово брашно, тогаш количината мора малку да се намали. Додајте 1 лажичка прашок за печиво и изблендираните моркови. Убаво соединете.

Во посебен сад изматете ги белките со прстофат сол додека да добиете цврст снег. на неколку наврати додајте го снегот во смесата за да му даде воздушност.

Тепсија од 20х20 см обложете со хартија за печење и одозгора премачкјате ја со путер. Сипете ја смесата и рамномерно распоредете ја. малку притиснете одозгора за да се израмни.

Ставете да се пече 40-45 минути во претходно загреана рерна на 160°C/256°F. Оставете го готовиот колач прво да се излади, а потоа извадете го од калапот и ставете го на сад за да се отстрани хартијата.

Одозгора премачкјате со фил (пенасто изматете крем сирење/урда, путер и малку засладувач -агаве).

Колачот украсете го со парчиња овошје или со рендано чоколадо. Овој колач се јаде пребрзо и до последната трошка. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. Прочитајте уште еден рецепт за колач со моркови:

ВКУСЕН И НЕОДОЛИВ КОЛАЧ КОЈ Е ОДЛИЧЕН ЗА ВИДОТ: Децата целиот го јадат во еден ден – рецепт ОВДЕ